Тимот на Рејсинг Булс, заедно со главниот нивни спонзор, CashApp, ги претставија боите на своите болиди за претстојната трка за Големата награда на САД.
Во Остин, VCARB 02, на Лиам Лосон и Исак Хаџар ќе има златно црн изглед со шари чија инспирација е оклопот на желките.
Дизајнот е осмилен од пејачот и продуцент Шабузи.
Ажурираните бои, според официјалното соопштение на тимот, ја одразува амбицијата на Рејсинг Булс да ги обедини световите на мотоспортот, музиката и американската култура.
Питер Баер, извршен директор на Рејсинг Булс: "Уште еднаш, се вклучивме во културата на начин што е уникатен за нашиот тим."
"Специјалните дизајни веќе станаа дел од идентитетот на тимот, каде што мотоспортот се среќава со музиката, модата и креативноста."
"Боите што ги претставивме за овој викенд е уште еден смел израз на тој дух, а Остин е совршеното место да го оживееме."
РЕЈСИНГ БУЛС ВО ОСТИН СО ОКЛОП НА ЖЕЛКА
10/15/2025 10:18:00 PM
0
Share to other apps