Статијата ќе биде обновена пред почетокот на трката, т.е. кога Пирели ќе ги објави преостанатите сетови на пневматици и најдобрите стратегии за трката.
Последните трки во Ф1 календарот се распоредени во 12 временски зони. Од Лас Вегас до Катар е растојание од 13.000 км и лет од 16 часа. Од Катар до Абу Даби е растојание од 600 км и лет од еден час.
Три последователни трки, Катар со спринт формат, ќе ја завршат 2025 сезоната и ќе стават крај на сегашните прописи. Сè уште не го знаеме името на шампионот. Сè уште имаме три кандидати, но Ландо Норис е со голема предност!
Оскар Пјастри престана да победува по Зандворт. Неговиот најдобар резултат во следните шест трки беше третото место во Монца, а потоа дури и немаше пласман на подиумот.
Како и зошто се случи ова, никој не може да претпостави. Некои велат дека тоа е психолошкиот притисок од борбата за титулата, други дека болидот повеќе не му одговара по најновите надградби, но веројатно не е само една причина.
Минатогодишната трка во Вегас заврши со 1-2 победа за Мерцедес АМГ и титула за Макс Ферстапен. Овој пат, никој нема да ја освои титулата во Вегас. Во најдобар случај, Ландо Норис може да ја обезбеди титулата во Катар.
Британецот, моментално води пред својот тимски колега, Оскар Пјастри, со 24 поени, а пред Макс Ферстапен со 49 поени, а до крајот остануваат уште три трки. Сите ние би сакале да гледаме борба сè до последниот круг од Големата награда на Абу Даби. Тоа би бил соодветен крај на една ера на Формула 1 шампионатот.
Патеката во Вегас, теоретски, не му одговара на Мекларен, но тоа не го спречи Норис да ја обезбеди пол позицијата на импресивен начин. Во Ред Бул отворено признаваат дека за да се борат за титулата, им е потребно барем едно откажување од Ландо Норис во преостанатите три трки, за шансите да бидат реални. Влоговите се многу високи!
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ЛАС ВЕГАС, 05:00 МК ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Сите настани се поместени еден ден порано и се одвиваат ноќе под вештачка светлина, но според нашата временска зона, распоредот повеќе потсетува на трката во Јапонија.
Според локално време, прес-конференциите започнаа во среда, тренинзите во четврток, квалификациите во петок, а трката во сабота, но за нас тоа е утрото наредниот ден.
Формула 1 веќе беше во Лас Вегас, пред четириесет години, а трките се одржуваа на паркингот од хотелот Цезар Палас.
Тогаш никој не ја сакаше привремената патека оградена со бетонски блокови, но сега се е направено по највисоки стандарди.
Градската патека се одликува со долги правци и голема просечна брзина и беше создадена и финансирана од самата Формула 1 со цел да ги засени повеќето настани во тркачкиот календарот. Барем тоа беше целта, а дали тоа е така оставаме вие да го дадете последниот збор.
Либерти Медиа дејствуваа како промотор на настанот, инвестирајќи огромни суми пари во надеж за уште поголем профит. Каде на друго место има билети од милион долари?
Мајами не успеа, дали Лас Вегас може да го преземе приматот на Монте Карло?
Со доаѓањето на Либерти Медиа, Формула 1 стана поинаква. Форматот на викендот се промени, се појавија спринтови, правилото "една земја - една трка" исчезна. Сега има две трки во Италија и три во САД.
Времето се менува, а ние се менуваме со него. Доаѓаат нови фанови, се појавуваат нови трки, животот продолжува, сакале ние или не.
За разлика од изминатите трки во Остин, Мексико Сити и Сао Пауло, каде што немаше место на трибините, во Вегас спортот е во втор план. Трибините се полупразни.
Викендов се уште нема своја спортска историја, таа е во зачеток на нејзиното создавање.
Состојбата на асфалтот во Лас Вегас се менуваше во текот на целиот викенд, но инженерите на Пирели веруваат дека стратегијата со едно застанување во бокс ќе биде оптимална, плус веруваат дека белите гуми ќе играат значајна улога
Марио Изола, Пирели: "Никогаш не би очекувале да бидеме сведоци на квалификации на влажен асфалт среде пустина, но Лас Вегас продолжува да нè изненадува."
"Последната тренинг сесија даде информации што ќе им бидат корисни на тимовите, бидејќи над 30% од круговите беа возени со гуми за дожд, но очигледно тоа не беше доволно за веднаш да се разбере кој сет на пневматици би бил најдобриот за да се започнат квалификациите."
"По првото возење со интермедија гуми, стана јасно дека условите бараат употреба на сините гуми за целосно влажна подлога. Гумите за дожд им обезбедија на возачите добар грип за нивните брзи кругови пред патеката да започне да се суши, овозможувајќи премин на зелените гуми."
"Времето на премин помеѓу овие два вида на пневматици е важна информација ако истите услови се повторат за почетокот на трката. Гледајќи ги можните стратегии, очигледно мора да претпоставиме дека ќе биде трка на сув асфалт, базирајќи ги опциите на драстично намалени достапни податоци."
"Со оглед на нивото на грејнинг што се среќава на црвените гуми, оваа смеша изгледа тешко соодветна за ефективна стратегија за трката."
"На хартија, најбрзата комбинација се базира на еден пит-стоп, старт на жолтите гуми, а потоа премин на белите помеѓу 20-тиот и 26-тиот круг, за еден долг последен стинт. Изборот на жолти гуми за старт, исто така, отвора други опции."
"Возачите што задржаа два сета од белите гуми би можеле да се обидат со две застанувања во бокс, жолти-бели-бели, менувајќи помеѓу 12-тиот и 18-тиот круг и повторно помеѓу 27-миот и 33-тиот круг."
"Слична алтернатива за малкутемина што останаа со два сета жолти гуми би била да стартуваат на нив, а потоа преминат на белите, со нивна замена помеѓу 32-риот и 38-миот круг за финиш на жолтите."
"Употребата на црвените гуми неизбежно би вклучувала два пит-стопа. Начинот да се извлече максимумот од квалификациската смеша би можел да биде на почетокот, сè до прозорецот помеѓу 8-миот и 14-тиот круг за да се премине на жолтите гуми за среден стинт пред да се вратиме на најмеката смеша, некаде помеѓу 34-тиот и 40-тиот круг."
Тренинзите и квалификациите во Лас Вегас поминаа со дожд, кој не се очекува за трката. Возачите ќе го започнат загревачкиот круг во 20:00 часот по локално време, кога воздухот ќе биде околу 15 степени со облачно небо и умерен западен ветер.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ГН ЛАС ВЕГАС
11/22/2025 10:35:00 PM
0
Share to other apps









