Катарскиот спринт ги потврди вчерашните анализи, позициите стекнати на спринт квалификациите, ако не се изгубат на стартот, ќе останат исти и на финишот.
Оскар Пјастри ја одбрани првата позиција и ја забележа третата спринт победа на патеката Лусаил, место каде што секогаш победува.
Австралијанецот со одличен старт и темпото на Мекларен лесно избега од најблискиот ривал, денес тоа беше Џорџ Расел со Мерцедес АМГ. Со тоа анулираше два поени во однос на Ландо Норис, трет денес, приближувајќи се на 22 од својот тимски колега.
Во еден од најмонотоните спринтови во поновата историја, забележлива беше одличната тимска работа на Ред Бул на почетокот.
По жестокиот старт, Јуки Цунода го престигна Фернандо Алонсо и го остави Макс Ферстапен да го претекне, давајќи му го Холанѓанецот четврто место што ја ограничи штета во однос на Норис.
Макс повторно се соочи со проблеми со потскокнувањето на болидот и со тоа немаше брзина за да се спротивстави на Норис, кој беше нападнат само еднаш без многу шанси за претекнување.
Јапонскиот возач заработи казна од 5 секунди, за непочитување на границите на патеката, што го носеше едно место подолу, но истата казна ја доби и Кими Антонели, по што редоследот на табелата остана непроменет.
Последните поени на денешниот спринт ги освои шпанското дуо, Фернандо Алонсо и Карлос Саинц Јр..
Луис Хамилтон, кој стартуваше од пит-линијата, и со ново подесување на болидот не беше во можност да напредува, па како одминуваше времето спринтот беше тест за подготовка за утрешната трка.
Чарлс Леклер имаше ужасен старт и заврши 13-ти, борејќи се со возачите на Хас, Заубер и Рејсинг Булс.
Само Алпин, кој стартуваше од пит-линијата со двајцата возачи, се снајде полошо од Ферари, уште еден срамен момент, кој исто така се случи со потпретседателот Пјеро Ферари во гаражата на тимот.
Акцијата продолжува со вистинските Квалификации, кои се закажани за 19 часот. Утре следува претпоследната трка за 2025 година, која започнува во 17 часот.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ, 19:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
ПЈАСТРИ ПОБЕДНИК НА МОНОТОНИОТ КАТАР СПРИНТ
11/29/2025 01:31:00 AM
0
Share to other apps






