Оскар Пјастри уште еднаш се покажа како најстабилен возач во квалификациите за Големата Награда на Катар, обезбедувајќи ја Пол позицијата за утрешната трка.
Австралијанецот ги победи Ландо Норис за една десетинка, и Макс Ферстапен за две десетинки. Како и вчера, Британецот направи грешка во последниот обид, покажувајќи дека сè уште е под притисок, кој логично е огромен овој викенд.
Оскар Пјастри тоа има најголема шанса да победи на утрешната трка, а со тоа пренесувајќи ја неизвесноста до последниот викенд од 2025 Ф1 календарот во Абу Даби.
Ландо Норис ќе може да ја менаџира ситуацијата од првиот ред, додека Макс Ферстапен сигурно ќе нападне од третата позиција на гридот.
Акцијата продолжува со трката за Големата Награда на Катар, која започнува во 17 часот.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 17:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
По монотониот спринт во кој Оскар Пјастри се врати на победничките патеки, време беше тоа да го потврди на квалификациите, кои започнаа на целосно сув асфалт на патеката Лусаил и температура од 26 степени.
Карлос Саинц Јр. беше првиот што излезе на патеката во Q1. Шпанецот се нареди прв во пит-линијата на користени црвени гуми и постави почетно време од 1:22.354.
Фернандо Алонсо брзо го подобри со нов сет на најмеките гуми, а штоперицата запре на 1:20.980. Макс Ферстапен, со употребувани црвени гуми, беше четири илјадити делови од секундата зад возачот на Астон Мартин.
Оскар Пјастри и Џорџ Расел, исто така со користен сет гуми, го подобрија времето на Алонсо, но само со мала разлика.
По половината од првиот сегмент, Исак Хаџар јасно стави до знаење дека патеката значително се подобрува, забележувајќи време од 1:20.603, па затоа се очекуваа многу подобрувања во последните минути.
Кратко потоа, Ландо Норис забележа одлично време од 1:20.157, 77 илјадитинки побрзо од Оскар Пјастри, но Џорџ Расел чекаше до последен момент за да го забележи најбрзото време.
Меѓу елиминираните, повторно се најде Луис Хамилтон! Покрај Британецот, кој заврши осумнаесетти, испаднаа и Јуки Цунода, Естебан Окон, Ленс Строл и Франко Колапинто.
Алекс Албон беше тој што ја отвори Q2 сесијата во оваа пригода, по него следеше Карлос Саинц Јр., но двајцата со користени црвени гуми, по што се вратија во своите гаражи без да забележат мерен круг.
Оливер Берман го имаше првото време од 1:20.438 и го победи Чарлс Леклер за три десетинки, но Монацанецот беше на користени гуми.
Макс Ферстапен, на нови, брзо се искачи на првото место со време од 1:20.142, но Оскар Пјастри на користени црвени пневматици постигна импресивно време од 1:19.650. Зад нив двајца беше Карлос Саинц Јр. со време од 1:20.251.
Повторно, имаше многу подобрувања во последните минути.
Сепак, никој не успеа да го победи времето на Пјастри од 1:19.650, па тој заврши на првото место, по него следеа Норис и Ферстапен.
Крај на квалификациите беше за Нико Хулкенберг, Лиам Лосон, Оливер Берман, Габриел Бортолето и Алекс Албон.
Остана уште Q3 сесијата на која се одредува поредокот на најбрзите десет возачи.
Карлос Саинц Јр., Кими Антонели, Чарлс Леклер, Фернандо Алонсо и Пјер Гасли стартуваа со користени црвени гуми, бидејќи немаа нови, останатите стартуваа со нови гуми.
Во својот прв обид, Ландо Норис постави спектакуларно време од 1:19.495, за 35 илјадитинки побрзo од тоа на Оскар Пјастри, три десетинки од Џорџ Расел и четири десетинки побрз од Макс Ферстапен.
Исак Хаџар, на нови гуми, беше најдобар од останатите во првиот обид, пред Антонели, Алонсо и Саинц Јр..
Со преостанати 5 минути и 27 секунди, тркачкиот директор одлучи да ја стопира сесијата за да се отстрани налепница што испадна од Вилијамсот на Карлос Саинц Јр..
Инцидентот беше истражен од стјуардите и беше изречена тимска казна од 5.000 евра.
Во последниот брз круг, Ландо Норис направи грешка уште во вториот свиок, додека Оскар Пјастри го подобри своето време на 1:19.387, па Австралијанецот ја обезбеди својата шеста пол позиција, а неговиот тимски колега ќе стартува втор.
Ферстапен немаше шанси за првиот ред, но го победи Расел за 11 илјадити делови од секундата и ќе има можност да ги нападне Мекларените утре од третата позиција.
Кими Антонели заврши петти, пред Хаџар, Саинц Јр., Алонсо. Пјер Гасли и Чарлс Леклер, кои имаа спектакуларни извртувања во Q3 сесијата го заокружија пласманот на најбрзите десет возачи.
ОСКАР ПЈАСТРИ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА
11/29/2025 05:45:00 PM
0
Share to other apps





