Денес, тимот на Мерцедес АМГ ги објави првите слики од својот болид за 2026 година, кој го носи полното име - Mercedes-AMG F1 W17 E Performance.
Новата сезона во Формула 1 го доживува најголемиот технички пресврт во историјата на спортот, со целосно нова шасија, погонска единица и регулативи за гориво.
Затоа W17 е помал, потесен и полесен од својот претходник. Има активна аеродинамика со подвижни предни и задни крила, погонска единица кој произведува сооднос близу 50:50 моќност помеѓу електриката и моторот со внатрешно согорување и работи на напредни био горива развиени од партнерот на тимот, Петронас.
W17, исто така, има впечатливо обојување, кое означува смел израз на идентитет и еволуција. Динамичната Петронас зелена линија се движи ниско низ болидот за да ја нагласи брзината и прецизноста, додека го хармонизира преминот од историската сребрена, кон поновата црна боја на тимот.
На горниот дел од страничните делови е претставен ромбовидниот потпис инспириран од АМГ, надополнувајќи ја историската трокрака ѕвезда на Мерцедес на капакот над моторот.
Тото Волф, тимски шеф и извршен директор, изјави: "Формула 1 ќе претрпи значителни промени во 2026 година и ние сме подготвени за таа транзиција. Новите прописи бараат иновации и апсолутен фокус во секоја област на перформанси."
"Нашата работа на новиот болид и долгорочниот развој на погонската единица и напредните одржливи горива на Петронас го одразуваат тој пристап."
"Објавувањето на првите слики од W17 е едноставно следниот чекор во тој процес. Тие ја претставуваат колективната работа на нашите тимови во Бриксворт и Бракли."
W17 е првиот болид на тимот според новите прописи воведени оваа година и има впечатлив изглед. По ова тимот се упатува кон патеката Каталуња каде следната недела започнува првата тест сесија, од 26 до 30 јануари, 2026 година.
Понатамошни студиски, и фотографии и видеа од патеката ќе бидат достапни по официјалната презентација на новата сезона закажана за 2 февруари.
ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД НОВИОТ БОЛИД НА МЕРЦЕДЕС АМГ
1/22/2026 03:11:00 PM
0
Share to other apps









