Тимот на Хас го презентираше VF-26, болидот со кој Естебан Окон и Оливер Берман ќе се натпреваруваат во 2026 сезоната во Формула 1 и со кој се надеваат дека ќе ја добијат битката на Американците.
Дизајнот на бои го продолжува препознатливиот дизајн на Хас, но, со поголемо влијание од Тојота. Тимот на Џин Хас ќе ја прослави својата десетгодишнина во Формула 1 во 2026 година и ќе се натпреварува во својата единаесетта сезона со VF-26.
Сега се соочуваат со конкуренција од нивните сонародници, Кадилак, чиј болид, исто така, ќе биде придвижуван од погонска единица на Ферари, па сигурно ќе се стремат да завршат како најдобар тим во земјата.
Хас влегува во нова ера во 2026 година, бидејќи Тојота Газу Рејсинг направи значаен чекор напред со тоа што се придружи на официјалното име на тимот, што укажува на нивото на вклученост на јапонскиот производител во проектот.
Ова е несомнено одлична вест во година на промена на прописите. Ова се рефлектира и во боите на болидот, каде што Тојота е истакната на предното крило и капакот над моторот.
Откако Ајао Комацу ја презеде функцијата шеф на тимот, Хас освои 58 поени во 2024 година и 79 поени во 2025 година. Но, и покрај зголемувањето на поени од година во година, тимот заврши на седмото место во Шампионатот на конструктори во 2024 година и на осмото место во 2025 година.
За 2026 година, со целосно нов болид, нивната цел ќе биде да продолжат по оваа позитивна траекторија.
Ајао Комацу, тимски шеф: "Се чувствувам, речиси нереално, да се претстави новиот болид во ова време од годината, но тоа не го прави помалку возбудливо, особено кога имаме толку голема промена во прописите."
"Целосно сме фокусирани на тоа да бидеме подготвени за тест сесијата во Барселона. Беше потребна голема работа од страна на целиот тим за да во толку краток рок од крајот на минатата сезона, се направи новиот болид, кој треба да биде во акција на патеките веќе во јануари месец."
"По сите гласини, со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се покажат болидите од новата генерација, и со што ќе се соочиме додека напредуваме низ нашите тест програми, пред првата трка во Австралија."
"Времето поминато на патеките ќе биде од клучно значење, и во Шпанија и во Бахреин, и иако знаеме дека ќе има предизвици по патот, го правиме ова затоа што сме страствени за Формула 1."
"Пред да се натпреваруваме, па дури и пред тестирањето, треба да го совладаме управувањето со енергијата, што е многу важно. Не знам дали сите целосно го разбираме обемот на предизвикот, бидејќи не знаеме што не знаеме."
"Што се однесува до аеродинамичкиот развој, сме доста задоволни од она што го направивме досега, но, како и со сите нови регулативи, прашањето е: дали целта што си ја поставивме е доволно добра?"
"Кога ќе стигнеме до тестирање, сигурен сум дека ќе видиме различни концепти, а ако сме превиделе нешто, ќе мора брзо да се зафатиме со работа“, објасни тој. "
На техничко ниво, болидот презентиран од Хас изгледа прилично едноставен, иако тоа е обично случај на Ф1 презентациите, бидејќи тимовите никогаш не сакаат да ги откријат своите тајни, особено во сезона со целосна промена на прописите.
Џин Хас, сопственик на Хас: "Предсезонските тестирања ќе бидат клучни за разбирање за што се способни овие болиди и како возачите, инженерите и тимовите воопшто се прилагодуваат на нив. Барем имаме континуитет во однос на возачите, со Оли и Естебан, како и во нашите дизајнерски и инженерски тимови."
"Минатата сезона, конкуренцијата во средината на поредокот беше исклучително голема, а не помалку лесна задача не очекува и во новата сезона. Треба да продолжиме да се развиваме, и на патеката и надвор од неа. Лично, ќе бидам многу заинтересиран да видам каква е конкуренцијата и што ќе донесат овие нови прописи во однос на перформансите."
Следниот чекор за Хас, според официјалното соопштение, ќе бидат тестовите во Барселона. Тие ќе се одржат од 26 до 30 јануари, иако секој тим може да избере максимум три дена. По Барселона, ќе има уште две тест сесии во Бахреин, а потоа сезоната започнува со Големата награда на Австралија, од 6 до 8 март.
ХАС VF26 - БОЛИД ЗА ПОБЕДА ВО АМЕРИКАНСКАТА БИТКА
1/21/2026 01:07:00 AM
0
Share to other apps








