Системот на концесии во Мото ГП шампионатот претставува еден од најважните стратешки механизми на Dorna Sports и Светската мотоциклистичка федерација (FIM) за одржување на конкурентноста и возбудата на патеката.
Иако, колку толку, го следиме и овој шампионат, не се срамиме да признаеме дека ова беше новост за нас, а мислиме дека има многу фанови што не го знаеле ова, па со оваа статијата решивме да ја објасниме подетално оваа регулатива, нејзиното влијание врз развојот на моторите и најновите промени што следат по штотуку започнатата летната пауза во овој шампионат.
Како концесиите го одржуваат балансот во Мото ГП. Во мотоспорт шампионатите, каде што илјадити делови од секундата одлучуваат помеѓу победа и пораз, парите и инженерската доминација лесно можат да создадат монопол.
Токму затоа, системот на концесии делува како спортски регулатор, кој на послабите фабрики им дава надеж, а на доминантните производители им ги врзува рацете.
Овој систем се пресметува во два периоди во текот на една сезона, за време на летната пауза и по последната трка во годината.
Рангирањето зависи исклучиво од процентот на освоени бодови во поредокот на конструктори.
Правата и ограничувањата се поделени во четири категории според успешноста на производителот:
Категорија А ги вклучува производителите кои освоиле 85% и повеќе од сите достапни поени. Наменет за апсолутните владетели на овој спорт. Овие тимови имаат на располагање 170 тест гуми, целосно замрзнат развој на моторот, право на само едно аеро ажурирање и нула wildcards за дополнителни возачи.
Категорија Б ги вклучува производителите кои освоиле од 60% до 85% од поените. Поблага форма на рестрикција со 190 тест гуми и право на 3 wildcards по сезона, но сепак со замрзнат развој на моторите.
Категорија Ц, производители од 35% со 60% освоени поени. Златна средина која овозможува 220 тест гуми и дури 6 wildcards, главно користени од развојните тест-возачи.
Категодија Д, производители кои освоиле од 35% и помалку поени. Добиваат дури 260 тест гуми, право да тестираат на кои било патеки со нивните главни возачи, зголемен број мотори по возач со целосно слободен развој во текот на годината и две аеро надградби.
По завршувањето на Големата Награда на Германија, возена изминатиов викенд, официјалните пресметки донесоа крај на апсолутната доминација на Дукати, кои се селат во категорија Б.
Поради зголемениот отпор од конкуренцијата, италијанскиот гигант падна под потребните 85%. По неколку години суша, Дукати конечно добива дополнителни 20 гуми за тест и право да користи wildcards на патеката.
Благодарение на одличната форма на Априлија, тие се израмнија со Дукати. Со ова, тие губат дел од тест гумите, од 220 на 190, во пресрет на битката за титулата за крај на 1000cc ерата.
KTM стабилен во средината, категорија Ц. Австрискиот производител продолжува да работи со умерени отстапки.
Јапонците повторно на дното! Иако на почетокот на годината покажаа напредок и влегоа во категорија Ц, Хонда падна назад во категорија Д. Таму веќе ги чекаше Јамаха. Ова им овозможува на двата јапонски брендови повторно да ги стават во можност да ги стават во акција своите главни возачи на приватни тест сесии за побрзо да ги развијат своите мотори.
Голем технички ресет во 2027 година. Сегашниот систем на концесии ќе го доживее своето финале на крајот од оваа натпреварувачка година.
Со воведувањето на новата техничка ера во 2027 година, која носи намалување на зафатнината на моторите на 850cc, 100% одржливи горива и комплетна забрана на уредите за висина, правилата целосно се ресетираат.
Од првиот ден на 2027 година, сите производители ќе започнат изедначени во категорија Б. Тоа би требало да спречи некој од производителите да побегне со развојот на новиот 850cc концепт.
Дополнително, како што потврди Гран При Комисијата, од 2027 година целосно се укинуваат wildcards за сите производители во кралската класа, со цел уште повеќе да се намалат трошоците и да се стави фокус на регуларните возачи.
Концесиите се покажаа како праведен систем. Тој не ја казнува генијалноста, туку едноставно им дава шанса на оние што заостанале, правејќи го Мото ГП шампионатот повозбудлив мотоспорт за гледање.
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ЗА МОТО ГП КОНЦЕСИИТЕ
7/15/2026 09:34:00 PM
0
Tags
Share to other apps





