По неколку исклучително тешки викенди во 2026 сезоната, холандскиот ас конечно се искачи на врвот, на она што беше воведна сесија на легендарната белгиска патека.
Најблиску до него беа болидите на Ферари, каде што Луис Хамилтон заостана за само 0.145 секунди, додека Чарлс Леклер го зазеде третото место со две десетинки заостанување. Исак Хаџар беше 4-ти, победен само од возачите на Ферари.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРЕНИНГ 2, 17:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Главната вест во Ф1 падокот беше одлуката на инженерите на Ред Бул целосно да го отстранат своето контроверзно Макарена задно крило, кое создаваше огромни проблеми со балансот во Австрија и Силверстон.
Тимот се врати на поконвенционално задно крило наменето за патеки кои бараат пониска потисна сила. Оваа промена веднаш вроди со плод бидејќи Ферстапен и неговиот тимски колега го управуваа RB21 со огромна самодоверба во брзите сектори како О Руж и Радион.
За овој викенд тимовите донесоа вкупно 21 надградби, што јасно покажува дека трката за развој е во полн ек. Целосен список на пријавените ажурирања за Белгија ги имате подолу во оваа статија.
Оскар Пјастри успеа да го постави петтото најбрзо време, но на само неколку минути пред крајот на тренингот се соочи со ненадеен пад на притисокот во хидрауличниот систем.
Неговиот инженер му нареди веднаш да го забави болидот и екстремно бавно да се врати во боксот за да се спречи поголема штета на менувачот.
Ландо Норис заврши на седмото место со повеќе од осум десетинки заостанување зад Ферстапен, главно фокусирајќи се на симулација на трка со потежок болид.
СПА традиционално е патека каде што тимовите одлучуваат да воведат нови компоненти поради полесното претекнување.
Ландо Норис веќе има потврдена казна од 10 стартни позиции поради промена на акумулаторот, над дозволениот лимит во сезоната.
Исак Хаџар, иако импресионираше со четвртото време во болидот на Ред Бул, младиот Французин ќе мора да ја започне неделната трка од самото дно на гридот. Тимот комплетно ја промени погонска единица во неговиот болид.
Ленс Строл, исто така заработи грид-казна поради дополнителни промени на елементи во неговиот болид.
Џек Крофорд го возеше болидот на Фернандо Алонсо во тимот на Астон Мартин. Американецот беше убедливо на последното место со 6.129 секунди заостанување.
Актуелниот лидер во генералниот пласман, Кими Антонели со болидот на Мерцедес АМГ, заврши како шести, веднаш пред својот поискусен тимски колега Џорџ Расел.
Арвид Линдблад и Габриел Бортолето покажаа солидно темпо и го комплетираат списокот на најбрзите10 возачи на првата тренинг сесија.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА БЕЛГИЈА












