Следната недела е трката за Големата Награда на Унгарија, непосредно пред почетокот на летната пауза за време на која фабриките на тимовите ќе мора задолжително да ги затворат своите врати на најмалку две недели.
Возачите не сакаат да одговараат на рутински прашања, а само едно секогаш им носи искра во очите: "Омилена патека? СПА, секако!"
Таквата едногласност не предизвикуваат ултрамодерните патеки, убави, удобни, безбедни, но многу слични. Подесувањето на болидот е тешко во СПА, а едвај забележлива грешка понекогаш може да влијае на вашата брзина.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 15:00 МК, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Има нешто нејасно во карактерот на белгиската патека што ви го забрзува срцето и ве тера да се борите до финишот.
На 18 јуни 1950 година, Хуан Мануел Фанџо стана првиот победник на Белгиското Гран При, комплетирајќи 35 круга на патеката од 14 километри.
Вкупната должина на трката беше 494 километри, а организаторите додадоа уште еден круг, зголемувајќи ја должината на 508 километри.
Алберто Аскари, победникот во 1952 година, ја помина оваа должина за три часа и три минути.
Сегашниот договор предвидува наизменични трки со други патеки. Договорот гарантира дека трката ќе се одржи во 2026, 2027, 2029 и 2031 година, а друга европска трка ќе ја замени во 2028 и 2030 година.
Ова е една од неколкуте патеки кои ја задржаа магијата на нивниот оригинален изглед и преку новиот, модернизиран и скратен распоред, благодарение на своите легендарни делови како Eau Rouge, Pouhon и Blanchimont.
Патеката во СПА-Франкоршамп беше подложена на сериозна реконструкција, па познатата вила во Eau Rouge, со прекрасен поглед на тркачката патека, мораше да се сруши, се наоѓаше на локација што беше одлучено да се ослободи за да се прошири безбедносната зона.
Во последните години тука имаше неколку сериозни инциденти, еден од нив беше смртта на Антоан Хуберт во 2019 година. Но, и по зголемување на безбедносните аспекти, трагичните настани не сопреа.
Патеката останува особено опасна за возење при дожд и намалена видливост од прскањето на болидите. Затоа стјуардите и тркачкиот директор на Ф1 трките не дозволуваат одржување на сесиите и при најмала опасност по возачите.
Искачувањето преку Eau Rouge до облаците надвиснати над дрвјата од шумите на Ардените е една од повеќето незаборавни глетки во овој мотоспорт.
СПА-Франкоршамп се карактеризира со долг круг од седум километри, кои се поминуваат со голема брзина, големи промени на елевацијата, брзи свиоци и променливи временски услови.
Белгиското Гран При е трка каде што може да се случат многу неочекувани пресврти, со висока шанса за безбедносното возило, до неочекувана промена на времето, па стратегија на тимовите е многу значајна, т.е. нивната способност да ги прочитаат овие услови и да реагираат најбрзо што можат.
СПА-Франкоршамп, го претставува најтешкиот тест за погонските единици во сезоната. Времето поминато под полн гас е на нивото на Монца, но свиоците и промената во елевацијата ја зголемуваат нивната оптовареност.
Статистички гледано, Пол позицијата не е многу значајна на оваа патека, бидејќи таа е една од најлесните во календарот кога претекнување е во прашање, а тоа, исто така, е важен фактор при избор на тркачката стратегија.
Eau Rouge и Raidillon се едни од најпознатите свиоци во Формула 1, но предизвикот за нивно минување се менуваше со годините. Со сегашната генерација на болиди, тие практично се поминуваат без пуштање на педалот за гас, што значи дека реално имаме дво-километарски правец до Les Combes свиокот. Сепак, и тоа не е лесна задача, кога имаме исклучително големо оптоварување за амортизацијата на болидите.
Првиот и третиот сектор на СПА побаруваат голема моќност од ПЕ и мал отпор на болидите. Спротивно на тоа, вториот сектор е бавен, со голема побарувачка за потисна сила, и всушност може да се спореди со Монако во некои аспекти. Ова создава голема главоболка за инженерите и нивниот компромис при подесувањето на болидите.
Трката за Големата Награда на Белгија се состои од 44 круга и секогаш е комплицирана за предвидување на стратегијата, поради најдолгиот и најпроменливиот круг во сезоната, со непредвидливи временски услови и голема веројатност за излегување на безбедносното возило.
Од Пирели како најбрза на хартија ја предвидуваат стратегија со едно застанување во бокс.
Старт на трката на жолтите гуми е најефикасен пристап кај стратегијата со еден пит-стопа, проследено со стинт на белите гуми.
Втора опција е трка со две застанувања за промена на гуми. Тие што имаат проблеми со зголемената потрошувачка на пневматиците, може да се обидат со оваа опција.
Дарио Марафуски, Пирели: "Сè укажува дека денешната трка ќе биде со едно застанување во бокс, а стратегијата главно ќе биде одредена од новите сетови гуми достапни за секој тим."
"Првиот стинт би можел да се заврши или со жолти или со црвени гуми, во зависност од тоа кои нови сетови тимовите ќе изберат да ги задржат."
"Најдобрите тимови би можеле да стартуваат со жолти гуми пред да се префрлат на белите помеѓу 17-тиот и 23-тиот круг."
"Оние кои зачувале нов сет црвени би можеле да го користат на стартот, поместувајќи го времето за менување помеѓу 14-от до 20-от круг."
"Црвените гуми беа опширно тестирани на тренинг сесиите, и, на некои болиди, се чини дека им дава на возачите подобра повратна информација при сопирање."
"Поради оваа причина, би можела да биде претпочитана, исто така благодарение на предноста што ја нуди во поголемиот грип."
"Стратегиите со две застанувања се приближно осум до десет секунди побавни. Можните опции вклучуваат црвени-бели-бели и црвени-бели-жолти гуми."
"Некои тимови задржаа дополнителен сет од белите гуми како мерка на претпазливост, што би можело да се покаже како корисно во случај на неутрализација на трката."
"Однесувањето на гумите е во согласност со нашите очекувања, а патеката брзо се подобри и термичката деградација на задната оска сега е единствениот фактор што ќе треба да се земе предвид за време на трката."
Трката започнува во 15:00 часот, кога температурата на воздухот ќе достигне до 18 степени со повремени облаци и северозападен ветер со налети до 35км/ч. Веројатноста за врнежи за време на трката е 0%.
Пред почетокот на Големата Награда на Белгија, на четворица возачи им беа заменети компонентите на погонската единица, надвор од дозволениот број.
Ландо Норис доби казна од десет места, бидејќи тимот одлучи да ја смени контролната електроника на неговиот болид, инсталирајќи ја четвртата од трите дозволени во сезоната. Ленс Строл заработи идентична казна, за надминат број на MGU-K генератори.
Исак Хаџар и Фернандо Алонсо променија повеќе елементи на погонските единици, па ќе мора да стартуваат од последниот ред.
2026 ГН БЕЛГИЈА 2026
КОНЕЧЕН СТАРТЕН РЕДОСЛЕД | СПА-ФРАНКОРШАМП
РЕД 1
1
🇮🇹 АНТОНЕЛИ - (АМГ)
2
🇳🇱 ФЕРСТАПЕН - (РБР)
РЕД 2
3
🇬🇧 РАСЕЛ - (АМГ)
4
🇲🇨 ЛЕКЛЕР - (Ф)
РЕД 3
5
🇬🇧 ХАМИЛТОН - (Ф)
6
🇦🇺 ПЈАСТРИ - (М)
РЕД 4
7
🇬🇧 ЛИНДБЛАД - (РБ)
8
🇦🇺 БОРТОЛЕТО - (А)
РЕД 5
9
🇳🇿 ЛОСОН - (РБ)
10
🇫🇷 ГАСЛИ - (АЛП)
РЕД 6
11
🇦🇷 КОЛАПИНТО - (АЛП)
12
🇩🇪 ХУЛКЕНБЕРГ - (А)
РЕД 7
13
🇬🇧 НОРИС - (М) *
14
🇬🇧 БЕРМАН - (Х)
РЕД 8
15
🇬🇧 АЛБОН - (В)
16
🇫🇷 ОКОН - (Х)
РЕД 9
17
🇫🇮 БОТАС - (К)
18
🇲🇽 ПЕРЕЗ - (К)
РЕД 10
19
🇪🇸 САИНЦ ЈР. - (В) *
20
🇨🇦 СТРОЛ - (АМ) *
РЕД 11
21
🇫🇷 ХАЏАР - (РБ) *
22
🇪🇸 АЛОНСО - (АМ) *







