Кими Антонели го задржа Мерцедес АМГ на врвот во Мадринг.
Италијанецот ги победи возачите на Ферари за околу една десетинка и беше најбрз на втората тренинг сесија за Големата Награда на Шпанија.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИ ОД САБОТНИОТ ТРЕНИНГ И КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Втората сесија започна со "погумирана" патека и асфалтзагреан на температура од 53 степени Целзиусови.
Уште еднаш, немаше време за губење во Мадринг. Естебан Окон беше првиот што излезе на патеката, проследен од голем број возачи. За неколку минути, речиси сите беа на патеката, Нико Хулкенберг на бели, останатите на жолти гуми.
Првото забележано време беше 1:37.878 на Окон.
Фаворитите започнаа силно со конкурентни времиња. Џорџ Расел постави време од 1:36.011, а возачите на Ферари постигнаа времиња од 1:35.557, Чарлс Леклер и 1:35.592 за Луис Хамилтон.
Кратко потоа, Макс Ферстапен забележа време од 1:35.975, а Кими Антонели го презеде водството со 1:34.428. Времињата постојано се подобруваа.
По изминати 15 минути, Ландо Норис, кој се мачеше со својот болид, и Фернандо Алонсо беа единствените без поставено време.
Во последните кругови од почетните стинтови, возачите на Мерцедес АМГ повторно се подобрија и не оставија простор за сомнеж во брзината на нивните болиди.
Кими Антонели го забележа првото време под 1:34 за викендот, 1:33.926, победувајќи го Џорџ Расел за три десетинки. Леклер заостануваше половина секунда, а Хамилтон речиси девет десетинки.
Арвид Линдблад, со болидот на Рејсинг Булс, кој се покажува особено добар во првиот сектор, беше петти, пред Лиам Лосон, Оскар Пјастри и Макс Ферстапен.
На 36 минути до крајот, Фернандо Алонсо излезе на патеката за прв пат, а Ландо Норис се паркираше во својата гаража со проблеми со менувачот.
Следуваше втората третина од сесијата во која главната улога ја преземаат црвените гуми. Во оваа фаза, Антонели повторно беше најбрз со 1:33.662, по него следеа Хамилтон и Леклер со по една десетинка заостанување.
Арвид Линдблад беше две десетинки зад најбрзото време, а Расел го прекина својот прв круг на најмеката смеша.
Во вториот обид, Леклер се искачи на второто место, пред Луис, но зад Кими, а Антонели се подобруваше во првиот сектор, но британецот во Рејсинг Булс имаше излетување, без последици за него, во 13-от свиок и предизвика развејување на црвените знамиња.
Сесијата беше рестартирана со преостанати 13 минути и повеќето возачи се одлучија за долги стинтови, па Кими Антонели ја заврши сесијата на врвот, по него Леклер, Хамилтон, Линдблад, Расел и Ферстапен.
Оскар Пјастри го обезбеди седмото место, пред Јуки Цунода, Естебан Окон и Лиам Лосон.
КИМИ ВОДИ, ФЕРАРИ СЕ ПРИБЛИЖУВА
9/11/2026 03:47:00 PM
0
Share to other apps



