Макс Ферстапен беше доминатен во квалификациите за Големата Награда на Бахреин.
На патеката Сепанг, која добро ја познава, откако победи таму во 2017 година, Холанѓанецот го победи Луис Хамилтон за речиси три десетинки од секундата, а Исак Хаџар за четири десетинки.
Формула 1 се враќа во акција со трката за Големата Награда на Бахреин која е закажана за 9:00 часот наутро по Македонско време.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Ова беше квалификациска сесија каде што Ред Бул изгледаше многу силно, а Макс Ферстапен беше непобедлив.
Исак Хаџар беше исто така брз, но неговиот тимски колега беше најбрз во сите три сегменти и ја освои Пол позицијата за 298 илјадити делови од секундата пред Луис Хамилтон, кој исто така направи добра разлика помеѓу себе и Чарлс Леклер.
Хаџар се квалификуваше трет, но има казна од пет места, па Кими Антонели ја наследи третата стартна позиција, а Чарлс Леклер четвртата.
Ландо Норис, Оскар Пјастри и Џорџ Расел се следни во поредокот, а Хаџар ќе ја заземе осмата позиција.
Вреди да се напомене дека возачите кои имаат настапи на Сепанг, а особено оние кои победувале, Ферстапен, Хамилтон и Алонсо, беа супериорни во однос на своите тимски колеги.
Пјер Гасли беше најдобриот од останатите, а Габриел Бортолето ги комплетираше најбрзите десет возачи.
Фернандо Алонсо и Астон Мартин се изборија за дванаесеттата позиција, нешто што изгледаше невозможна мисиоја само пред неколку дена.
МАКС БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА НА СЕПАНГ
10/03/2026 09:01:00 AM
0
Share to other apps




