Кими Антонели ја прикажа вистинската сила на Мерцедес АМГ на саботната тренинг сесија за Големата награда на Бахреин.
Италијанецот успеа да ги победи возачите на Ред Бул и својот тимски колега со најбрзото досега забележано време на патеката Сепанг.
Започнавме во зори со третиот тренинг, а сега на ред се квалификациите кои се закажани за10:00 часот по Македонско време, а еден час подоцна ќе дознаеме кој ќе биде на Пол позицијата.
Јасни фаворити, со оглед на досега прикажаното се возачите на Мерцедес АМГ. Најблиску до нив, барем според тренинг сесиите се возачите на Ред Бул, додека Мекларен се уште не ја има прикажано својата моќ.
Следни се возачите на Ферари кои засега како да заостануваат и делуваат како четврти најбрз тим.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМОВИТЕ ЌЕ БИДАТ ПОСТИРАНИ НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН, ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Патеката Сепанг беше целосно сува и за саботниот тренинг со температура на асфалтот од 57 степени Целзиусови. Во овој случај, активноста на почетокот не беше толку френетична како вчера.
Серџо Перез беше задолжен за отворање на акцијата, по него следеа Лиам Лосон и Франко Колапинто. Мексиканецот стартуваше со време од 1:41.252, а Аргентинецот со 1:39.417.
Во првите 15 минути, без многу возење, Пјер Гасли излезе и постави време од 1:38.241 за да го преземе водството, но Чарлс Леклер го подобри тоа на 1:37.772 со бели гуми.
Многу возачи излегоа на патеката и со различни гуми за првите обиди: Леклер со бели, возачите на Мекларен и Исак Хаџар со жолти, подоцна и Макс Ферстапен, останатите со црвени гуми.
Возачите на Мекларен, и покрај тоа што користеа жолти гуми веќе со првите кругови ги победија вчерашните најдобри времиња: Ландо Норис стартуваше со 1:37.161 и Оскар Пјастри со 1:37.483.
Кратко потоа, беа развеани црвените знамиња за да отстрани дел од нечистотијата што беше на патеката. Кога сесијата продолжи, први на патеката излегоа болидите на Мерцедес АМГ и се искачија на врвот со црвените гуми: Кими Антонели, прв со 1:36.924, втор беше Џорџ Расел со 1:37.053.
Макс Ферстапен излезе на жолти гуми и се искачи на четвртото место, многу блиску до Ландо и помалку од три десетинки зад лидерот.
Оскар Пјастри и Исак Хаџар беа на половина секунда зад најбрзото време, додека Леклер беше седми со бели гуми, а Хамилтон не можеше да се искачи повисоко од деветтото место со црвените. Франко Колапинто беше сместен помеѓу нив.
Во последните 20-тина минути сите беа фокусирани на пронаоѓање на границите на своите болиди како подготовка за квалификациите. Секако на црвените гуми на Пирели.
Во таа ситуација, возачите на Ред Бул изгледаа брзо, а Ферстапен постави време од 1:36.580, што го стави пред Хаџар и Расел. Сепак, Антонели имаше нешто повеќе во својот Мерцедес АМГ, и со време од 1:36.302, беше најбрз на сесијата.
Возачите на Ферари беа еден чекор зад нив, со заостанување од седум десетинки зад најбрзото време, додека возачите на Мекларен не ја покажаа вистнската сила и не форсираа премногу на најмеката смеша. Ландо Норис, всушност, го постави своето најдобро време на жолти гуми.
Франко Колапинто и Арвид Линдблад го комплетираа поредокот на најбрзите десет возачи. Фернандо Алонсо изненадувачки успеа да ги победи Пјер Гасли и Естебан Окон со време од 1:38.223, што му овозможи да заврши дванаесетти, само 19 илјадити делови од секундата зад Бортолето и малку повеќе од една десетинка зад Линдблад.
АНТОНЕЛИ ГО ПОБЕДИ ДУОТО НА РЕД БУЛ
10/03/2026 08:19:00 AM
0
Share to other apps



