Џузепе Фарина, Алфа Ромео, Силверстоун 1950
Формула 1 се дефинира како највисоката класа на авто трки со автомобили со отворени тркала и едноседи. Отворени тркала значи дека автомобилите имаат тркала надвор од каросеријата, за разлика од "нормалните" возила чии тркала се под браници. Како што имплицира и самото име, Формула Еден Мото Спортот е врвот на автомобилските трки, во кој се најдобрите возачи во најмоќните, технички напредни автомобили. Да се биде шампион во Формула 1 е да се биде апсолутно најдобриот од најдобрите, возач број 1 во светот. Но, да се биде возач во Формула 1 болид не е лесна задача. Возачите денес се натпреваруваат многу години и поминуваат илјадници километри пред да бидат подготвени за крајниот тест во најдобриот автомобил на светот, Ф1 болидот.Повеќето Формула 1 возачи ги докажале своите способности во други видови на Формула трки. Всушност, другите категории на Формула трки може да ги наречеме "градинка", каде што возачот може да ги развие своите вештини и ако тој е доволно добар, да заработи место како возач на еден од моментално 12-те Формула 1 тимови. Исклучок од ова се ретките возачи кои зад себе имаат богати спонзори, па некои од посиромашните тимови се принудени да ги ангажираат. Овој тип на возачи досега не покажале некои добри резултати.
Формула 1 шампионатот, по дефиниција, е високо регулиран спорт. Правилата дефинираат како мора да се конфигурира болидот и како се одвива секоја Гран При трка. Правилата во Формула 1 може да ги поделиме во две различни категории- Спортски и Технички. Спортски прописи ги покриваат сите аспекти на Гран При трките, од тоа како трка ќе започне, до тоа како ќе заврши и се останато меѓу почетокот и финишот на Гран При Викендот. Техничките прописи пак обезбедуваат специфични детали за главните системи на болидот, мотор, менувачот и амортизацијата. Денес имаме моменти кога се зборува повеќе за овие правила, отколку за самите трки, апсурдност што луѓето на ФИА не смееа да си го дозволат. Најнова афера од оваа област се предните крила на Ред Бул и Ферари, кои де се правилни, де пак ќе се испитуваат.
Правилата и прописите не биле донесени да се одземе од драмата и возбудата од Формула 1 трките, туку да ја возвишуваат вештината на возачот и тој да биде во центарот на вниманието. Но, исто така тие треба да ги докажат перформансите и ефикасноста болидите. Така да не е изненадување што Формула 1 шампионатот ги вклучува најпознатите производители на автомобили, како што Ферари, Рено, Мерцедес.
Првата трка за Светски Шампион се одржа во Силверстоун, Велика Британија во 1950 година. Шампионатот за конструктори следеше во 1958. Првата титула Светски Шампион во Формула 1 ја освои италијанецот Џузепе Фарина со болид на Алфа Ромео. Значи Французите ги направиле првите чекори, а Англичаните имаат голем удел во популизацијата на Формула 1.
СЛЕДНО: БОЛИДОТ НА ФОРМУЛА 1