20.08.2023 година. Последната недела од летниот распуст е добро време да ја започеме редовната статија посветена за претстојната сезона од Формула 1 Шампионатот. Ова е место каде ќе бидат наведени сите поважни информации за 2024 година.
Статијата редовно се ажурира, па за сите најнови информации ова е вистинското место за да бидете во тек со настаните.
Последен датум на ажурирање: 15 ФЕВРУАРИ 2024.
Ферари е првиот тим што го објави датумот за презентација на својот нов болид, но Хас беше првиот Формула 1 тим кој го презентира новиот 2024 болид.
Презентацијата на VF24 се одржa на 2 Февруари, кога тимот објави дигитални фотографии од новиот болид на својата веб-страница и социјалните мрежи. Дебито на патеките е закажано за 11 Февруари во Силверстоун.
ЛИНКOВИ:
- МЕКЛАРЕН ГО ПОКАЖА 2024 "ДРЕСОТ" НА MCL38
- VF-24: НЕ ТОЛКУ НАПРЕДНА ЕВОЛУЦИЈА КОЛКУ МОЖЕ ДА БИДЕ.
- ВИЛИЈАМС ГИ ПРЕЗЕНТИРАШЕ НОВОТО ОБОЈУВАЊЕ И ГЛАВЕН СПОНЗОР
- ЗАУБЕР C44 - РЕВОЛУЦИЈА НА И НАДВОР ОД ПАТЕКАТА
- АЛПИН А524 - АГРЕСИВЕН ПРИСТАП ЗА ПОГОЛЕМИ ПЕРФОМАНСИ
- ТОРО РОСО VCARB 01 - НЕ Е ВАЖНО ИМЕТО, ВАЖНО Е ДА БИДЕ БРЗ
- АСТОН МАРТИН AMR24 - ПОМЕСТУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ НА МОЖНОСТИТЕ
- ФЕРАРИ SF-24 - ПРЕДВИДЛИВ И ЛЕСЕН ЗА ВОЗЕЊЕ
- МЕКЛАРЕН MCL38 - ДОБРА ОСНОВА ЗА ИНОВАТИВНИ НАДГРАДБИ
- МЕРЦЕДЕС АМГ W15 - ПОДОБРУВАЊЕ НА СТАБИЛНОСТА И ОПЕРАТИВНИОТ ОПСЕГ
- РЕД БУЛ RB20 - ЗАДРЖУВАЊЕ НА ШАМПИОНСКИТЕ ПЕРФОМАНСИ
Формула 1 веќе го претстави календарот за 2024 сезоната, кој беше одобрен од Светскиот совет за моторни спортови на ФИА.
Календарот вклучува 24 трки, сезоната ќе започне во Бахреин на 2 март, а ќе заврши во Абу Даби на 8 декември.
Во сабота ќе се одржат првите две трки од сезоната во Бахреин и Саудиска Арабија. Ова е за да се избегне преклопување со Рамазан. Во сабота се вози и трката во Лас Вегас.
Следната сезона за прв пат од 2019 година ќе се вози трката за Големата Награда на Кина. За да се намали бројот на летови низ светот, повеќе тркачки викенди се групирани на регионална основа.
Така, Големата Награда на Јапонија е одложена за април и ќе се вози помеѓу трките во Мелбурн и Шангај. Големата Награда на Азербејџан добива септемвриски термин.
Традиционалната августовска пауза е задржана во календарот и за следната сезона. Наесен ќе има пауза од речиси еден месец помеѓу трките во Сингапур и Остин, а тоа го зголеми бројот на двојни и тројни трки.
Претсезонската тест сесија за 2024 година ќе започне на 21 Февруари во Бахреин. Ќе има три тест дена за тимовите, пред почетокот на новата сезона веќе следниот викенд на истата патека.
ФИА, исто така, откри дека времетраењето на тест деновите ќе биде од 09 до 18 часот, наместо 18:30 како што беше во 2023 година. Со ова ФИА настојува драстично да се намалат трошоците кои ги имаа тимовите од тест сесиите до првата трка од сезоната.
ФИА за новата сезона направи некои измени во регулативите околу тестирањето со старите болиди, пропишувајќи дека сите компоненти што се користат на нив, мора да се претходно користени на тркачки викенд или официјална тест сесија.
Промената на регулативата ќе осигури дека тимовите не можат да користат сосема нови компоненти на стар болид за да се обидат да добијат податоци надвор од ограничувањата за тестирање.
Првиот состанок на комисијата на ФИА за Формула 1 во 2024 година се одржа на 5 февруари, во канцелариите на Формула 1 Менаџмент, Лондон.
Со состанокот претседаваа директорот на ФИА за едноседи, Николас Томбазис и претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
Под дискусија беа теми, вклучувајќи го форматот за Спринт викендите за 2024 сезоната и понатаму, по опциите презентирани од Спортскиот советодавен комитет.
Клучни точки за дискусија и одлуки.
По претходна поддршка од Комисијата на ФИА за Формула 1 за ажурирање на Спринт Викендите, беше постигнат договор за нов распоред на сесиите и тоа:
За да стапат овие промени во сила треба да бидат претставени и одобрени од Светскиот совет за моторспорт на 28 февруари.
Ажурирања на Техничките и спортските регулативи
Беше договорен предлог за зголемување на распределбата на погонски единица на четири по возач за сезоните 2024 и 2025.
За неделната трка, активирањето на ДРС-системот сега ќе се очекува по комплетирање на еден круг, наспроти досегашните два круга, или по рестарт по безбедносно возило.
Се разговарало и за голем број теми поврзани со регулативите за 2026 година, особено финансиски прашања и прашања за одржливост.
Други мали ажурирања на Техничките, спортските и финансиските регулативи од 2024 година беа одобрени од Комисијата.
По официјалниот крај на 2023 сезоната, се потврди и списокот на возачи за 2024 година, во кој очекувано нема поголеми изненадувања, т.е. остана идентичен на тековниот.
2024 година може да се покаже поинтересна на ова поле бидејќи на 13 од 20 возачи им истекува договорот на крајот на оваа сезона.
Клопчето започна да се одмотува со сензационалниот трансфер на Луис Хамилтон во Ферари.
РЕД БУЛ
Макс Ферстапен (договор до 2028 година)
Серџо Перез (2024 година)
Австрискиот тим продолжува со истиот возачки тандем и оваа година. Холанѓанецот го има најдолгиот договор од сите возачи, додека Мексиканецот доби продолжување на договорот до крајот на 2024 година, но секако дека ќе биде под притисок на формата на Даниел Рикиардо, кој го посакува неговото место.
МЕРЦЕДЕС АМГ
Џорџ Расел (2025 година)
Луис Хамилтон (2024 година)
РБ Мик Шумахер
Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ го објавија потпишувањето на новиот двегодишен договор пред трката за Големата Награда на Италија. Како точни се покажаа шпекулациите за две годишно продолжување на соработката, со кое Британецот е сигурен во тимот за 2024 и 2025 сезоната.
Но, Британецот имаше други планови и се реши да ја искористи клаузулата за прекинување на договорот по само една година.
ЛИНК:
ХАМИЛТОН ВО ФЕРАРИ - ВЕСТ НА ГОДИНАТА
Џорџ Расел имаше повеќе годишен договор, но беше објавено продолжување за една година, до крајот на 2025 година. Но, со оглед на фактот што тој се смета за иднината на Мерцедес АМГ, неговото место во овој тим ќе остане во негова сопственост подолго време.
ФЕРАРИ
Чарлс Леклер (2026+ година)
Карлос Саинц Јр. (2024 година)
Пред почетокот на 2024 сезоната Ферари го продолжи договорот со Чарлс Леклер. Моначанецот доби повеќе годишен договор, но најверојатно со клаузула да може да го напушти тимот ако во 2026 година не добие конкурентен болид.
Шпанецот беше во втор план, а како што покажаа последните случувања имало голема причина за тоа. Така да, тој може да почне со потрага по нов тим ако сака да остане во Формула 1 и следната сезона, бидејќи Луис Хамилтон ќе го земе неговото место од 2025 година.
ЛИНК:
ХАМИЛТОН ВО ФЕРАРИ - ВЕСТ НА ГОДИНАТА
АЛПИН
Естебан Окон (2024 година)
Пјер Гасли (2024 година)
Естебан во 2021 година потпиша три годишен договор кој истекува на крајот од 2024 година, време кога завршува договорот и на вториот Французин во тимот, Пјер Гасли, кој дојде од АлфаТури. Со последните тектонски поместувања во раководството на тимот, нивната иднина не може да биде гарантирана.
МЕКЛАРЕН
Ландо Норис (2026+ година)
Оскар Пјастри (2026 година)
РВ: Рио Хиракава, Пато О`Вард
Тимот минатата година го "врза" Ландо Норис со нов долгорочен договор кој траеше до крајот на 2025 година, но како и во случајот со Леклер, Мекларен и Британецот потпишаа повеќегодишно продолжување на истиот со истата клаузула за конкурентен болид.
Пресудата од Одборот за признавање договори на ФИА откри дека повеќегодишниот договор на Оскар Пјастри со Мекларен ги опфаќа и 2023 и 2024 година.
Пред Јапонското Гран При, Мекларен објави продолжување на неговиот договор, па Австралиецот останува во тимот до крајот на 2026 година.
СТЕЈК Ф1 ТИМ
Валтери Ботас (2025 година)
Џоу Гуанју (2024 година)
РВ: Тео Пуршер
Финецот при напуштањето на Мерцедес АМГ, како единствена цел имаше потпишување договор со тим кој би му понудил повеќегодишен договор. Алфа Ромео беше тимот кој му излезе во пресрет и тој треба да остане во Хинвил до крајот на 2025 година.
Договорот на Џоу Гуанју истекуваше на крајот од 2023 сезоната, но кинескиот возач беше уверен дека ќе остане во тимот.
Официјалната изјава на тимот пред почетокот на тркачкиот викенд во Сингапур стави крај на гласините, па Валтери Ботас и Џоу Гуанју ќе продолжат да се натпреваруваат за тимот од Хинвил и во 2024 година. Тео Пуршер останува како резервен возач.
АСТОН МАРТИН
Фернандо Алонсо (2024 година)
Ленс Строл (непознато)
РВ: Фелипе Другович
Лоренс Строл го обрза Фернандо Алонсо на повеќегодишен договор, што обично е 2+1 година, па Шпанецот останува во тимот барем до крајот на 2024 година.
Договорот на Ленс Строл не е познат, но со оглед на тоа што неговиот татко е сопственик на тимот за кој вози, најверојатно тој ќе го продолжи онолку долго колку што тој и неговиот татко сакаат.
ХАС
Нико Хулкенберг (2024 година)
Кевин Магнусен (2024 година)
РВ: Оливер Берман и Пјетро Фитипалди
Кевин Магнусен се согласи на договор со важност од две години, при неговиот изненадувачки камбек во Ф1 во 2021 година. Тимски колега на Данецот е Ф1 ветеранот Нико Хулкенберг, кој има две годишен договор. За време на летната пауза тимот ги потврди гласините и објави дека нивната возачка постава останува иста и за оваа 2024 година.
ТОРО РОСО
Даниел Рикиардо (2024 година)
Јуки Цунода (2024 година)
РВ: Лиам Лосон
Австралиецот потпишан со АлфаТаури до крајот на 2023 година, откако го замени Ник де Врис на средината на сезоната. За време на тркачкиот викенд за 2023 Големата Награда на Јапонија тимот ja потврди возачката постава за 2024 година.
Даниел Рикиардо и Јуки Цунода ќе продолжат да возат за Торо Росо или како и да се викаат, а Лиам Лосон ќе стане резервен возач за двата тима на Ред Бул и ќе присуствува на сите трки.
ВИЛИЈАМС
Алекс Албон (2024 година)
Логан Сарџент (2024 година)
Минатата година беше потврдено дека Алекс Албон ќе остане во Вилијамс и по сезоната 2023, откако тајландскиот возач со британско потекло се согласи на повеќегодишно продолжување на договорот.
Логан Сарџент имаше едногодишен договор, а во дебитантската сезона за него, тој не успеа да остави премногу добар впечаток, но во тимот решија дека предност ќе дадат на стабилноста во возачката постава па неговиот договор е продолжен и за 2024 година.
СЕЗОНА 2024 - СИТЕ ИНФОРМАЦИИ НА ЕДНО МЕСТО
8/20/2023 11:12:00 AM
0
Share to other apps