Во основа, Формула 1 болидите не се разликуваат од автомобилите во вашата гаража. Тие користат мотори со внатрешно согорување, имаат менувач, амортизација, тркала и сопирачки. Но тука завршува сличноста. Формула 1 болидите не се наменети за обично возење или крстарење по патиштата низ светот. Сè на нив е дотерано и обработено за една работа и само една работа - БРЗИНА. Формула 1 болидот лесно може да постигне брзина над 320 км/ч, но за време на трката, брзината генерално e пониска.
Постои голем распон во брзината од патека до патека. Гран При со највисока просечната брзина во историјата е Италијанското ГП во 1971 година, победник бил Piter Gethin со просечна брзина од 242,615 километри на час на патеката во Монца, но треба да се напомене дека тогашната патека немала многу кривини. Со компјутерска симулација е потврдено дека денешните болиди би имале просечна брзина над 300 км/ч. Од поновата историја, Најбрзиот ГП викенд беше повторно Големата Награда на Италија во 1998 година. Победник беше Михаел Шумахер со просечна брзина 237,591 км/ч. Највисока просечна брзина е регистрирана за време на слободните тренинзи и е постигната истата 1998 година, изнесува 244,413 км/ч, беше поставена во Монца од Еди Ирвин.
Најголема Топ брзина измерена на крајот од најдолгите правци на Ф1 патеките е поставена за време на Германското Гран При истата таа сезона, и беше поставена од страна на Дејвид Култхард кој достигна брзина од 356,5 км/ч. Најниска просечна брзина на Победникот на една Гран При трка е исто така во 1998 година со 141,458 км/ч, поставена од страна на Мика Хакинен на Монако ГП.
Основни системи на Формула 1 болидот се:
Шасија: Костурот на Формула 1 болидот е шасијата, тоа е дел на болидот врз кој сè е заштрафено и прикачено. Како и повеќето современи автомобили и авиони, Формула 1 болидот користи monocoque конструкција на шасијата. Monocoque е француски збор што во буквален превод значи "единствена школка", збор кој се однесува на процесот на креирање на целата шасија од едно парче материјал. Порано шасиите се изработувале од алуминиум, но денес неговото место е дадено на цврстите композитни материјали од јаглеродни влакна поставени во смола или карбонски влакна над алуминиумски мрежа. Резултатот е лесен болид кој може да ги издржи огромните потисни сили кои се јавиваат при движењето на болидот низ воздухот...
Шасијата го вклучува кокпит, каде има место за еден возач. Конструкцијата на кокпитите во Формула 1 болидот се одвива по многу ригорозни технички и сигурносни прописи. Тие мора, на пример, да издржат судир од над 300 км/ч, да исполнуваат минимум барана големина и мора да имаат рамен под. Седиштето кое подоцна се става во кокпитот, сепак, е направено да одговара на прецизни мерења на возачот.
Мотор: Срцето на секој Ф1 Болид е неговиот мотор. Пред 2006 година, се користеа масивни 3.0 литарски, В10 мотори. Потоа правилата се изменија, и сега се користат 2.4-литарски V8 мотори. Иако со ова намалување моќност опадна, Формула 1 моторите се смета дека се уште можат да произведат скоро 900 коњски сили. За споредна најбрзата варијанта на Голф со 2,5 литарски мотор има 170 кс. Се разбира, моторот на Голфот веројатно ќе издржи најмалку 300.000 км и повеќе, додека животниот век на Ф1 моторот е многу помал. До пред неколку сезони траеше само една трка, но денес тимовите имаат само 8 мотори по болид, и во просек би требало да траат околку 3 трки, т.е. 1000 км. Зошто е тоа така? Затоа што за да ја генерира неговата огромна моќ моторот бара да работи на многу високи вртежи во минута. Денес тие се ограничени на 18,000 за моторите повеќе да траат, а пред тоа достигнуваа околу 19.000 вртежи во минута. Работата на моторот на такви високи вртежи во минута произведува огромна количина на топлина и неговите подвижни делови трпат голем стрес.
Горивото што го користат овие мотори не е типичниот безоловен бензин од пумпите на Макпетрол, но е сличен. Мали количини на не-јаглеводородни соединенија се дозволени, но повеќето адитиви за зголемување на моќта на моторот се забранети. Сè на сè, Ф1 тимовите употребуваат околу 50 видови на мешавина на гориво, дотерани за различни патеки или услови, во една типична сезона. Секоја комбинација мора да биде доставена до ФИА, за одобрување на неговиот состав и физичките својства.
СЛЕДНО: БОЛИДОТ НА ФОРМУЛА 1 МЕНУВАЧ И АЕРОДИНАМИКА
БОЛИДОТ НА ФОРМУЛА 1 - ОСНОВИ
1/21/2011 02:23:00 PM
0
Share to other apps