Педи Лоу ќе се пресели во Мерцедес АМГ, откако неговиот сегашен договор со Мекларен ќе заврши на крајот од оваа година.
Иако Мерцедес не коментира за ситуацијата, според Аутоспорт, веќе e постигнат начелен договор во пресрет на 2014 сезоната.
Според овој Британски магазин, потврда на заминувањето на Лоу ќе биде неговото најверојатно неприсутво во неговиот актуелeн тим до крајот на оваа година, а на неговото место на технички директор веќе е назначен Тим Гос.
Не е јасно каква улога ќе му биде доделена во Мерцедес АМГ, а овој тим веќе има три технички директори, а се шпекулира со замена на Рос Браун.
UPDATE: Рос Браун, тимскиот шеф на Мерцедес АМГ, го поздрави предвременото доаѓање на Педи Лоу и вели дека со тоа ќе се обезбеди дополнителна сила при клучната транзиција од V8 мотори на турбо V6 моторите.
"Јас сум воодушевен поради доаѓањето на Педи Лоу во тимот и нестрпливо чекам да почнеме со заедничка работа. Тој има одлично досие на успеси во овој спорт и ќе биде наша предност со него во нашиот бокс. Не е никаква тајна дека секој тим се соочува со значајни поместувања во задачите за оваа и следната година."
PADDY LOWE ОД МЕКЛАРЕН СЕ СЕЛИ ВО МЕРЦЕДЕС АМГ
2/25/2013 05:21:00 PM
0
Share to other apps