Тоа не се произволни бои избрани од страна на секој производител за неговите автомобили, туку се резултат на одлука донесена во раните почетоци на автомобилистичките трки.
Тркачките автомобили тогаш, и се уште се разликуваат по доделениот број, но тоа не било доволно, па било потребно и дополнително одвојување, поттикнато без сомнение од страна на националните чувства на возачите.
Така на секоја земја и била доделена по една боја. Ова е причината зошто тркачките автомобили од Италија се црвени, автомобилите од Англија се зелени и автомобилите од Германија се бели или Сребрени, како резултат на традицијата на небоење на алуминиумските каросерии.
На почетокот на трките учествувале лица кои ги купувале тркачките автомобили од производителите, и повеќе сакале да ги обојуваат своите миленичиња во бојата на својата земја, а не на производителот. На сцена стапува ФИА и на меѓународните трки донесува следното правило:
"Употребата на карактеристичните бои на националноста е задолжителна кога дополнителните прописи од натпреварот го бараат тоа."
Првично, овие бои се утврдени со националноста на возачот. Значи, ако некој Англичанец купи Ферари тоа ќе биде обоено зелено, иако тоа е италијански автомобил. Така, настанала традицијата тркачките автомобили да бидат обојувани во национални бои.
Бидејќи овие бои се доделени во период кога на тркачките автомобили шасијата и каросеријата биле видливи, многу земји имаат комбинација на бои: една за каросеријата, друга за шасијата. Кога шасијата станала “невидлива”, бојата од шасијата почнала да се применува во форма на ленти.
Овие правила со боите кои се применуваат на тркачките автомобили, имаше и несакани ефекти. Многу години возачите од САД не сакале да возат, или учествуваат во трки со автомобили кои имале и мала нијанса на зелена боја, бидејќи тие верувале дека оваа боја носи несреќа.
Денес Формула 1 е тимски спорт, па боите во кои се обојува болидот е споерд земјата од која потекнува конструкторот, па се надеваме дека сега веќе ви е појасно зошто болидите на Ферари се црвени, а болидите на тимот на Мерцедес АМГ се нарекуваат сребрените стрели.
ТРКАЧКИ АВТОМОБИЛИ И НИВНИТЕ БОИ |
||||||
ЗЕМЈА | К | Ш | Х | П | Т | БРОЕВИ |
Аргентина | сина | црна | жолта | / | / | црвен на бела подлога |
Белгија | жолта | / | / | / | / | црни |
Бразил | бледо жолта | зелена | / | / | зелена | црни |
Бугарија | зелена | / | бела | / | / | црвени |
Канада | зелена со бели ленти |
/ | / | / | / | бели |
Чиле | црвена | / | сина | бела | / | половина сини, половина црвени, црвени на бела подлога |
Куба | жолта | / | црна | / | / | бели на црна подлога |
Египет | бледо виолетова |
/ | / | / | / | црвени на бела подлога |
Финска | црна | / | / | / | / | сини на бела подлога |
Франција | сина | / | / | / | / | бели |
Германија | бела/сребрена | / | / | / | / | црвени |
В.Британија | зелена | / | / | / | / | бели |
Холандија | портокалова | / | / | / | / | бели |
Унгарија | напред бела, назад зелена |
/ | црвена | / | / | црни |
Ирска | зелена со портокалови ленти |
/ | / | / | / | бели |
Италија | црвена | / | / | / | бели | |
Луксембург | бисерносива | / | / | / | / | бели на црвена подлога |
Мексико | златна | / | / | / | / | бели на црна подлога |
Монако | бела со црвени ленти |
/ | / | / | / | црни на бела подлога |
Полска | бела | / | бела | црвена | / | црвени |
Португалија | црвена | / | црвена | бела | / | бели |
Шкотска | зелена | / | / | / | / | бели |
Ј.Африка | златна | / | зелена | / | / | црни на бела подлога |
Шпанија | црвена | црвена | жолта | / | / | црни на жолта подлога бели на црвена подлога |
Шведска | понизок дел сина горен дел жолта |
/ | понизок дел сина горен дел жолта |
/ | / | бели |
Швајцарија | црвена | / | бела | црвена | / | црни |
Тајланд | бледо сина со жолти ленти |
/ | бледо сина со жолти ленти |
/ | бледо жолти | бели на сина подлога |
САД | бела | / | бела | сина | / | сини на бела подлога |
Венецуела | бела со зелени ленти | / | / | / | / | / |
ЛЕГЕНДА: К - КАРОСЕРИЈА Ш - ШАСИЈА Х - ХАУБА П - ПОДВОЗЈЕ Т - ТРКАЛА @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |