Алан Перман, директорот на Лотус за операции на патеките, верува дека поради оштетениот нос на болидот на Кими Раиконен не биле во можност да се борат за победата, која реално била достижна.
"Тоа беше интересна трка и добра забава. Имавме интересен старт со Кими кој изгуби две места, но штом преминавме на медиум гумите работите се одвиваа прилично глатко. Немаше начин да го поминеме Луис на патеката, иако имавме многу слично темпо и можеби дури бевме побрзи од него. Тоа значеше дека мораме да го престигнеме низ боксовите. Кими изгуби доста downforce со оштететното предно крило, во спротивно тој би требало да беше во можност да го предизвика Фернандо за Победата. Ние загубивме околу 0,25 секунди по круг поради оштетување на болидот на Кими. Роман Грожан имаше потежок ден, и се бореше малку со своите гуми. Севкупно, со двата болиди во поени, тимот денес имаше одличен настап."
НЕВЕРОЈАТЕН ПОДАТОК: КИМИ ГУБЕЛ 1/4 СЕКУНДА ПО КРУГ
4/14/2013 07:34:00 PM
0
Tags
Share to other apps