Конечно радост за фановите на Ферари!!!
Фернандо Алонсо со одличен ден за Ферари на Големата Награда на Кина. Шпанецот извозе одлична трка и со супериорни перформанси стигна пред сите останати до Победата. Борбата се водеше за второ место, до кое успеа да дојде Кими Раиконен пред Мерцедесот на Луис Хамилтон, кој имаше фото финиш со Себастијан Ветел.Алонсо имаше добар старт од третата позиција на меките гуми, и веднаш на стартот го помина Раиконен и се залепи зад Хамилтон за конечно во 5-от круг го помине за првото место. По краткиот стинт од само седум круга влезе во бокс, кога го изгуби воството од возачите кои ја започнаа трката на потрајните медиум гуми. Нико Хулкенберг одличен и во тие моменти водеше во трката пред Ветел и Батон.
Но, кога болидот ја има потребната брзина речиси сите стратегии се добри, па Алонсо брзо напредуваше ги помина сите пред себе, за на крај да има водство од десет секунди пред Хамилтон, по вторите влегувања во боксовите. На сите им остануваше уште по едно влегување во боксовите, а Ветел беше во најлоша положба бидејќи требаше да стави меки гуми на болидот. Веќе беше јасно дека Алонсо има целосна контрола на трката во оваа фаза, плус ја зголемуваше својата предност.
Последниот пит-стоп го направи во 41 круг со речиси 13 секунди предност. Тој се врати веднаш зад Ветел и не помина долго кога го помина. Светскиот шампион се обидуваше да направи доволно голема разлика пред Раиконен и Хамилтон за да има шанси за пласман на подиумот. Раиконен го помина Хамилтон за второто место со добрата одлука да влезе во бокс три круга порано од Британецот, а потоа немаше проблеми и да го задржи до самиот крај на трката. Да напоменема дека Раиконен можеби беше малку забавен од оштетениот нос при судирот со Мекларенот на Серџо Перез.
Ветел го направи последниот пит-стоп на пет круга до крајот и се обиде да стигне до место на подиумот, ја неутрализираше разликата од 11 секунди до Хамилтон, но, Англичанецот успеа да остане пред него.
Многу возачи, вклучувајќи ги и возачите на Ред Бул, се под истрага за наводна употреба на ДРС-от под жолти знамиња. Причина за ова е што автоматската контрола не работи веќе трета трка по ред, па возачите сами треба да внимаваат кога го употребуваат овој систем.
Голема Награда на Кина, Шангај
56 круга, 305.066км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Фернандо Алонсо Ферари 1ч36:26.945
2. Кими Раиконен Лотус + 10.100
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 12.300
4. Себастијан Ветел Ред Бул + 12.500
5. Џенсон Батон Мекларен + 35.200
6. Фелипе Маса Ферари + 40.800
7. Даниел Рикардо Торо Росо + 42.600
8. Пол ди Реста Форс Индија + 51.000
9. Роман Грожан Лотус + 53.400
10. Нико Хулкенберг Заубер + 56.500
11. Серџо Перез Мекларен + 1:03.800
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:12.600
13. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1:33.800
14. Валтери Ботас Вилијамс + 1:35.400
15. Жил Бјанки Марисија + 1 круг
16. Чарлс Пик Катерам + 1 круг
17. Макс Чилтон Марусија + 1 круг
18. Гидо ван дер Гард Катерам + 1 круг
НАЈБРЗ КРУГ: Себастијан Ветел - 1:36.808
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ При круг
Нико Розберг Мерцедес АМГ 22
Марк Вебер Ред Бул 16
Адријан Сутил Форс Индија 6
Естебан Гутиерез Заубер 5
Генерален пласман по 3 трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 52 1. Ред Бул 78
2. К.Раиконен 49 2. Ферари 73
3. Ф.Алонсо 43 3. Лотус 60
4. Л.Хамилтон 40 4. Мерцедес АМГ 52
5. Ф.Маса 30 5. Форс Индија 14
6. М.Вебер 26 6. Мекларен 14
7. Џ.Батон 12 7. Торо Росо 7
8. Н.Розберг 12 8. Заубер 5
9. Р.Грожан 11
10. П.ди Реста 8
11. Д.Рикардо 6
12. А.Сутил 6
13. Н.Хулкенберг 5
14. С.Перез 2
15. Ж.Верн 1