Нико Розберг успеа да ги раздели со вториот болид на Мерцедес АМГ. Неговата грешка во последниот сектор при својот брз круг можеби го чинеше пласман на првиот ред. Роман Грожан беше шести за Лотус, пред за прв пат во Топ 10, Даниел Рикардо со Торо Росо.
Но, гумите ќе играат значајна улога. Меките гуми се очекува брзо да деградираат во трката. Така имаме неколку возачи како Џенсон Батон кој извозе еден мирен круг и Себастијан Ветел и Нико Хулкенберг кои избраа да не постават време во Q3 и ќе стартуваат од деветтата т.е. десеттата позиција на медиум гуми, а оние кои се пред нив се на меки гуми за нивниот прв стинт.
Нема тимски наредби, но дали е можно како што беше случај денес да почнат да се јавуваат проблеми на болидот на Марк Вебер кој не ја помнина Q2 сесијата, поради проблеми со притисокот на горивото. Автралијанецот ќе стартува од 14-тата позиција.
UPDATE: Марк Вебер е казнет и ќе стартува од последното место на утрешната трка. Казната е последица што неговиот болид застана на патеката и не се врати самостојно во боксовите, а стјуардите не биле во можност да земат доволен примерок од горивото. Во него имало само 150 мл гориво!!!
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:34.484
2. Кими Раиконен Лотус 1:34.761 + 0.277
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:34.788 + 0.304
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:34.861 + 0.377
5. Фелипе Маса Ферари 1:34.933 + 0.449
6. Роман Грожан Лотус 1:35.364 + 0.880
7. Даниел Рикардо Торо Росо 1:35.998 + 1.514
8. Џенсон Батон Мекларен 2:05.673 + 31.189
9. Себастијан Ветел Ред Бул без поставено време
10. Нико Хулкенберг Заубер без поставено време
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:35.078
11. Пол ди Реста Форс Индија 1:36.287 + 1.209
12. Серџо Перез Мекларен 1:36.314 + 1.236
13. Адријан Сутил Форс Индија 1:36.405 + 1.327
14. Марк Вебер Ред Бул 1:36.679 + 1.601
15. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:37.139 + 2.061
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:37.199 + 2.121
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:35.793
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.769 + 1.976
18. Естебан Гутиерез Заубер 1:37.990 + 2.197
19. Жил Бјанки Марусија 1:38.780 + 2.987
20. Макс Чилтон Марусија 1:39.537 + 3.744
21. Чарлс Пик Катерам 1:39.614 + 3.821
22. Гидо ван дер Гард Катерам 1:39.660 + 3.867
107% време: 1:42.489