Познатиот амблем на Ферари, е црн коњ на жолта основа во форма на штит, обично со буквите СФ (за Скудерија Ферари), и три ленти на врвот - зелена, бела и црвена - италијанските национални бои. Но, дали знае некој како настанал?
За нашите фанови, Фераристи, и останатите, во продолжение ја преставуваме историјата на овој амблем.
Се започнува на 17 јуни 1923 година, кога Енцо Ферари победува на трка на патеката Савио, Равена, каде потоа се среќава со грофицата Паолина, мајка на грофот Франческо Бараца, член на италијанските воздухопловни сили и национален херој на Првата светска војна, кој сакал да има насликано коњ на страната на неговите авиони. Грофицата побарала Енцо да го користи овој коњ на неговиот автомобил, сугерирајќи дека тоа ќе му донесе среќа.
Оригиналниот коњ на авионите на Бараца бил обоен во црно на бела основа во форма на облак. Енцо Ферари ја прифаќа оваа сугестија, избира да има коњ обоен во црно (во знак на жалост за Барака, кој загинал во акција), но на жолта позадина, бидејќи тоа е бојата на градот Модена, неговото родно место. Коњот на Ферари, од самиот почеток, значително се разликувал од коњот на Бараца во повеќе детали, а најмногу забележлива разлика е неговата опашка која во оригиналната Бараца верзија била свртена надолу.
Ферари го користи овој амблем “Cavallino rampante” од 1929 година, а на трката Спа-24 часа на 9 јули, 1932година, се појавува и на Алфа Ромео автомобилите користени од тимот на Скудерија Ферари и се користи до денес како лого на Скудерија Ферари Формула 1 тимот.
Мотивот за подигнат коњ е стар, и може да се најде и на антички монети. Сличен црн коњ на жолт штит е на Грбот на германскиот град Штутгарт, домот на Мерцедес-Бенц и Порше, двата главни конкуренти на Алфа и Ферари во 1930-тите. Името на градот потекнува од Stutengarten, древна форма на германски збор Gest ut, што во превод значи ергела, збор кој на италијански се преведува како Скудерија.
Порше, исто така, го содржи грбот на Штутгарт во своето корпоративно лого, центриран во амблемот на државата Виртемберг. На Грбот на Штутгарт - Rössle коњот со двете задни нозе стои цврсто на земја, како коњот користен од Бараца, за разлика од амблемот на Ферари.
Fabio Taglioni го користи Cavallino rampante на неговите Дукати мотори, бидејќи бил роден во Луго ди Ромања како и Бараца, а неговиот татко бил воен пилот за време на Првата светска војна, но не како дел од ескадрилата на Бараца. Како што растела славата на Ферари, Дукати се откажал од овој амблем, се шпекулира како последица на приватен договор меѓу двете компании.
Во 1947 година, произведен е првиот автомобил во Маранело, Ферари - 125С, со што е роден брендот Ферари, а Cavallino rampante, се појавува на секој произведен автомобил на хаубата во правоаголна форма, буквите СФ се заменуваат со зборот Ферари, а на страничните делови од автомобилите амблемот се користи во форма на штит.
КАКО НАСТАНАЛО КОЊЧЕТО НА ФЕРАРИ
4/05/2013 12:46:00 AM
0
Tags
Share to other apps