По пријавата од страна на Ред Бул и Ферари за неправилни тестови на Мерцедес АМГ проследена до Стјуардите за Монако ГП-то ФИА во среда навечер го издаде следното соопштение:
ФИА побара појаснувања од Пирели и тимовите на Мерцедес АМГ Петронас Ф1 и Скудерија Ферари, тимови кои учествуваа во тест сесии на гумите на Пирели во Барселона во Мај и Април 2013 година. По разгледувањето на сите добиени одговори и во поглед на информациите собрани во текот на оваа истрага, претседателот на ФИА, одлучи:
Да се затвори случајот на Скудерија Ферари, кај нивниот тест е се исправно, т.е тој е направен со болид од 2011 година.
Тимот на Мерцедес АМГ да се даде на ФИА Меѓународниот трибунал бидејќи нивниот тест настап може да претставува повреда на ФИА правилата. Меѓународниот трибунал е повикан да донесе одлука во согласност со ФИА судските и дисциплински правила.
ФИА МЕЃУНАРОДНИОТ ТРИБУНАЛ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА МЕРЦЕДЕС АМГ
6/06/2013 01:02:00 PM
0
Tags
Share to other apps