Што претставува Меѓународниот Трибунал(МТ)?
Усвоен од страна на Генералното собрание на ФИА во 2010 година, Меѓународниот трибунал ги применува дисциплинските овластувања на ФИА во прва инстанца, за сите случаи без разлика дали тие се разгледувани или не со од страна на стјуардите за време на тркачкиот викенд.
Кои се членови на МТ?
МТ е составен од 12 членови, кои се препорачани од страна на ФИА Судската комисија за назначување, а потоа изгласани од страна на Генералното собрание на ФИА.
Како се разгледува секој поединечен случај?
За секој поединечен случај, претседателот на МТ именува комисија, составена од најмалку три члена, од редот на членовите на МТ. Еден од нив се назначува за претседател на расправата. Ниту еден член на комисијата не може да биде од иста националност со обвинителите и обвинетите страни во случајот.
Поради кои причини може да се одржи МТ?
Претседателот на ФИА, дејствувајќи како обвинително тело на ФИА, може да спроведе истрага за какви било дејства или однесување на лице под надлежност на ФИА и осомничено дека сторило едно од кривичните дела утврдени во судските и дисциплински правила на ФИА(член 8.2). По истрагата, Претседателот на ФИА може да подготви извештај за истрагата и да одлучи да го затвори случајот или да го изнесе предметот пред МТ кој треба да донесе одлука во согласност со судските и дисциплинските правила на ФИА.
Редослед на постапка?
Кога обвинителното тело, т.е Претседателот на ФИА, Жан Тод, одлучи да го изнесе предметот пред МТ, се испраќаат известувања за обвиненијата до засегнатите странки. Претседателот на расправата ќе постави временска рамка за сослушувањето. Во случај на оправдана итност, особено за прашања поврзани со спортски натпревари, странките може да бараат забрзана постапка. Претседателот на расправата може да одлучи да се намали временскиот распоред на сослушувањето.
Кои се прекршоците за кои решава МТ?
Лицата кои дејствувале спротивно на статути и прописи на ФИА, вклучувајќи го и Меѓународниот Спортски кодекс (За комплетната листа на прекршоци погледнете го членот 8.2).
Кои санкции можат да се наметнат од страна на МТ?
МТ може да изрекува казни, забрани и/или санкции предвидени во Меѓународниот Спортски Кодекс на ФИА (член 153).
Кога се објавува одлуката?
По завршувањето на расправата, претседателот на расправата ќе го објави веројатното време и датум кога одлуката ќе биде објавена. По известувањето за одлуката, страните може да покренат жалба против таа одлука пред Меѓународниот Апелациски суд на ФИА.
Кој може да поднесе жалба пред МАС?
Претседателот на ФИА и обвинетите странки.
ФИА СО СООПШТЕНИЕ ВО КОЕ ГО ОБЈАСНУВА НАЧИНОТ НА РАБОТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТРИБУНАЛ
6/06/2013 07:53:00 PM
0
Tags
Share to other apps