


Cyril Abiteboul, тимскиот шеф и извршен директор на Катерам, изјави: "Презентирањето на CT05 е горд момент за мене и за целиот тим, особено што Формула 1 и Катерам влегуваат во нова ера во 2014 година. Нашите акционери и партнери направија големи инвестиции во екипа на луѓе и објекти во Лифилд, што ни даваат добра платформа да направиме болид кој сега е многу поблиску до предниот дел на поредокот. Не постои причина зошто тоа не би се материјализирало директно кон перформансите на нашиот тим."
"Ние веруваме дека CT05 е добра почетна точка за нас, да се справиме со новите прописи и со предизвиците кои произлегуваат од нив, особено во однос на издржливоста. Во Рено Ф1 и Ред Бул - Технологија имаме партнери кои го снабдуваа Победничкиот тим во последните четири години, но ние сме доволно реални да знаеме дека многу веројатно нема да се натпреваруваме со најдобрите болиди, но, сепак, не постои причина зошто не би се бореле за повисоките места од тие што ги освојувавме од кога се приклучивме на овој спорт во 2010 година."