Мерцедес АМГ на првиот ден од тест сесијата во Херез, официјално го презентираше W05. Тимовите оваа сезона се решија да не прават спектакуларни промоции, туку само обично тргање на покривката од новите болиди и неколку минутна фото сесија, проследена со однапред подготвени изјави на поважните членови на тимот.
Покривката од Мерцедесот ја тргнаа Нико Розберг и Луис Хамилтон, двоецот на докажани Ф1 возачи. Болидот е целосно дизајниран како интегриран проект помеѓу тимовите на Мерцедес-Бенц со седиште во Брекли и Бриксворт, и означува историски пресврт во јубилејната година, кога Мерцедес-Бенц слави 120 години во мотоспортот и 80-годишнината од првите Сребрени стрели.
За новата сезона, Мерцедес АМГ е единствениот тим од најдобрата петорка со предност на континуитет во возачката постава. За 2014 година, тие ќе имаат нови тркачки броеви, 44 за Луис, 6 за Нико, кои ќе останат со нив за време на нивната Формула 1 кариера.
Луис Хамилтон: "Ова е мојa вторa сезона со Мерцедес и сега се чувствуваm како полноправeн член на тимот и дека ние ќе ги зацврстиме добрите односишто ги изградивме минатата година. Следува година во која ќе има многу учење на нови работи за сите нас. Има толку многу нови технологии во овие болиди и толку многу информации да се анализираат и филтрираат, за да се сфатиме што навистина е важно. Тоа ќе биде голем предизвик со измените на стилот на возење и тркачките стратегии."
Нико Розберг: "Оваа сезона ќе биде многу посложена со сите нови технологии, но мислам дека тоа е одлично, тоа ќе помогне да се направи овој спорт навистина современ. Сите се фокусирани на ефикасни мотори и искористување на хибридната енергија, која за мене е добар пат на развој и нешто што ќе го направи тркањето уште поинтересно."
МЕРЦЕДЕС W05 - РЕВОЛУЦИОНЕРЕН БОЛИД ЗА ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ
1/29/2014 05:33:00 PM
Share to other apps