Тимот на Вилијамс веќе втора година по ред првите фотографии од својот нов болид ги покажуваат во Британскотo списание F1 Racing. Како резултат на успешната 2014 сезона, во Вилијамс се надеваат дека FW37 може да го продолжи позитивниот моментум во уште една конкурентна сезона на Формула 1 Шампионатот.
Пет Сајмондс, главниот технички директор, вели: "Идејата за FW37 беше да се погледне одблизу FW36 и неговите перформанси. Ние потоа го дефиниравме она што беше добро и ги идентификувавме слабите точки, за кои чувствувавме дека е потребно да се подобрат. Иако аеродинамиката на болидот беше импресивна, секогаш постои простор за подобрување, особено требаше да се справиме со новите 2015 регулативи околу носот на болидот"
"Првата концептуална фаза на FW37 се одвиваше уште пред да биде конструиран FW36. Главниот елемент на што се работеше е разбирање на новите правила и прописи и како тие ќе влијаат на дизајнот на болидот. Од оваа точка во развојот на болидот треба да се види дали нашите идеи ќе се вклопат во рамките на прописите. Борбата и желбата да се победи Ферари за третото место во конструкторите во 2014 година, значеше дека развојот на FW36 се одвиваше речиси до крајот на минатата сезона. Но, ние мислиме дека израснавме во тим кој беше во моженост да го одржи овој развој, истовремено работејќи на FW37."
"Имавме проблеми со баластот на FW36, па на новиот болид за 2015 сезоната ги отстранивме овие пречки во корист на подобрени перформанси. Изгледот на FW37 беше завршен по летната пауза во август, за потоа да се работи на новиот преден дел на болидот, особено носот каде имаше најголеми промените во регулативата. Тоа ни зададе мали проблеми, бидејќи овие промени имааа многу повеќе влијание на аеродинамиката, отколку што се очекуваше. Тимот работеше напорно за овие прописи да се направат во наша корист. Се надевам дека како тим ние ќе бидеме способни за да го стигнеме Мерцедес АМГ, и да спречиме тимовите што беа зад нас да не стигнат."
WILLIAMS FW37 - КОНТИНУИТЕТ НА ПОЗИТИВНИ ПЕРФОРМАНСИ
1/21/2015 04:07:00 PM
0
Share to other apps