ЗАУБЕР C34 - ДЕТАЛНО ПОДНОВЕН C33
1/30/2015 04:02:00 PM
0
Тимот на Заубер ќе ја започне 2015 сезоната со нови возачи, Маркус Ериксон (24) и Фелипе Наср (22). Рафаеле Марчиело (20) има потпишано како тест и резервен возач. Новиот болид C34 ќе има деби на патеката во Херез на првата пред сезонска тест сесија.
По една сезона со фундаментални технички промени во историјата на Формула 1, оваа година има значително помалку промени во регулативата на овој спорт. Текот на развојот на новиот Заубер C34 бил фокусиран на три области: перформанси во бавните свиоци, намалување на тежина, како и стабилноста при сопирање.
Ерик Ганделин, главниот дизајнер во Заубер Ф1, објаснува: "Ние бевме во можност да добиеме големо искуство во текот на 2014 сезоната, кое ќе има влијание на Заубер C34. Аеродинамика традиционално игра клучна улога во развојот на нов болид, па тоа не беше само прашање на оптимизирање на потисната сила и грипот, туку, исто така и подобрување на балансот на болидот и неговите реакции особено низ бавните свиоци."
Најголемата визуелна разлика во споредба со Заубер C33 може да се најде кај целиот преден дел на болидот, кој сега е поголем во обем и пониско поставен до земјата со новите измени во техничките прописи. Ова има значително влијание врз аеродинамиката на целиот болид, бидејќи носот и предното крило играат клучна улога во одредувањето на тоа како воздухот тече околу предните тркала и аеродинамичката ефикасност на централните и задните делови на болидот. Новиот дизајн на бандажите на тркалата e во интерес на оптимизирање на струењето на воздухот околу предните тркала.
Концептот на предната суспензија повторно е pushrod, но подобрена според фидбекот на возачите. Страничните делови на новиот Заубер C34, сега се потенки од оние на Заубер C33, и покрај високите барања за ладење барања од новата погонска единица. Посветено е големо внимание на флексибилноста на системот за ладење, кој може да се прилагодува точно и поединечно за различните компоненти според амбиенталната температура и карактеристиките на патеката.
Минималната тежина на возилото се зголемува во согласност со техничките прописи од 691 килограми на 702 кг. Погонската единица и менувачот повторно се обезбедени од страна на Ферари. Во однос на концептот, ПЕ е многу споредлива со минатата година, но нејзината архитектура е значително изменета, па се направени бројни корекции на шасијата. Се со цел на зголемување на перформансите на моторт, ЕРС-системот и акумулаторот за складирањ на обновливата енергија.
Задната аморизација останува pullrod, но сега имаме сосема нова конструкција, со крајна цел зголемување на механичката тракција на болидот. Заубер C34 има 40 електронски делови, од кои повеќе од 30 бараат ефикасно ладење.
Според првичниот впечаток од првата тест сесија во Херез, и добиените податоци, во споредба со конкурентите, ќе бидат воведувани нови делови. Новиот болид на Заубер на почетокот ќе користи делови од C33, кои ќе бидат сукцесивно заменети со нови.
Share to other apps