ФЕРАРИ SF15 T - ГОЛЕМ ЧЕКОР НАПРЕД
1/30/2015 05:31:00 PM
0
SF15-Т e 61-от болид изграден од страна на Ферари за учество во Формула 1 Шампионатот. Тоа е втор болид направен од страна на Ферари од повторното воведување на турбо моторите во 2014 година. Првата година на овие нови прописи беше голем предизвик за Скудерија и научените лекции се применуваат на SF15-T за да се создаде болид кој е во секој поглед голем чекор напред во однос на F14-Т.
ШАСИЈА
Највпечатлива визуелна разлика помеѓу SF15-T и неговиот претходник е намалување на предниот крај на возилото во согласност со промената на прописите за 2015 сезона. По неколку сезони на непривлечна естетика, 2015 правилата дозволуваат SF15-T да има поатрактивна форма на носот, која, исто така, носи и одлични аеродинамички перформанси. Настрана од областа на носот, регулативата за 2015 година во голема мера остана непроменета, со што инженерите на Ферари имале стабилна основа врз која била изградена многу посилна шасија од претходната година.
Според првиот впечаток, задниот дел на болидот е покомпактно спакуван, што би требало да им овозможува на поголема потисна сила. Според нив задното крило е опширно редизајнирао за да испорача стабилни перформанси во свиоците и производство на поголем ДРС ефект на правците. Каналите за ладење на предните и задните сопирачки се преобликувани за да се произведе повеќе ладење на дисковите, а истовремено да генерираат и поголема потисна сила. Предната и задна амортизација е променета за подобро користење на гумите на Пирели.
Како и во 2014 година, и сегашните правила ставаат акцент на добрата интеграција на ПЕ и шасијата. Интеграција значи наоѓање уредно место на огромниот број на делови во болидот. Внимателно одбраниот дизајн има за цел да осигура дека SF15-Т има оптимално ладење на компонетите, за да се обезбедат најдобрите перформанси. Подобреното ладење на ПЕ овозможува неколку десетинки од секунда по круг во споредба со претходната година.
СОПИРАЧКИ
Brake by Wire (BBW) системот за сопирање останува ист како и минатата година. Тој има за цел да се собере максималната количина на кинетичката енергија која се ослободува, истовремено одржувајќи совршен баланс на болидот при сопирањето. BBW системот на сопирање бил подобрен во голема мера во текот на 2014 сезоната, а за SF15-T е уште оптимизиран за да им овозможи на возачите да се "чувствуваат" кочниците при максимално притискање на педалата.
МЕНУВАЧ
Стабилните прописи за 2015 година им овозможија на инженерите да се работи на деталите на менувачот, водејќи се според научените лекции од 2014 сезоната. Изборот на соодносот на 8-те брзини е фиксен за целата сезона, по првата трка во Австралија. Овој сооднос е внимателно избран за да одговара најдобро на сите патеки во текот на сезоната. Куплунгот, традиционално е силна точка на Ферари, па SF15-T ќе ја продолжи традицијата на добри стартови.
ТЕЖИНА И ГУМИ
Тежината на 2015 болидите се зголемува за 11 килограми во однос на 2014 година. SF15-T ја користи оваа екстра тежина за дополнителни перформанси и за да се намали центарот на гравитација на болидот. 2015 гумите на Пирели не се многу променети во однос на 2014 година, но од Ферари се надеваат дека ефикасноста на SF15-T ќе биде многу повисока од F14-T.
Share to other apps