Во Q1 најбрзото време го имаше Себастијан Ветел, три десетинки пред Кими Раиконен, Ботас беше трет, со Ферстапен, Грожан и Хамилтон зад него.
Меѓутоа, како најголем победник во оваа прва сесија може да го издвоиме Даниел Рикиардо и неговите механичари. Тие беа во трка со времето како би ја промениле неговата Рено ПЕ, која за време на саботниот тренинг експлодираше, унуштувајќи го турбо полначот.
Австралијанецот на крај успеа да излезе на патеката на нешто повеќе од две минути до крајот и со само еден брз круг се квалификуваше за продолжување на неговите квалификации.
Како најслаби беа Сергеј Сироткин со Вилијамс на 16-тата позиција, пред возачот на денот од минатата трка, Пјер Гасли со Торо Росо, Ленс Строл во вториот болид на Вилијамс, додека Зауберите на Чарлс Леклерк и Маркус Ериксон беа сигурни на последниот стартен ред.
Кими Раиконен го диктираше темпото во Q2 сесијата, Финецот забележа најбрз круг, во битката на меките гуми помеѓу возачите на Ферари и Мерцедес АМГ. Четворицата возачи на овие два тима се решија за старт на меката смеша на Пирели.
Меѓутоа, како што кажува и табелата Британецот во тимот на Мерцедес АМГ, барем на хартија го имаше најбрзото време, во второто излегување на патеката, пред тимскиот колега Валтери Ботас, кога возачите на Ферари по виолетовите први два сектори одлучија да не ги завршат своите брзи круга и влезат во своите гаражи.
Возачите на Ред Бул се одлучија за старт на ултра-меката смеша, која е за 0.9 секунди побрза од меката, но и со далеку помал животен век.
Ќе биде интересно на стартот!!!
Се решија за поризичната варијанта, која би им донела добар резултат доколку на стартот имаат поголем напредок т.е. би избиле на водечката позиција. Сепак, тие имаа право на овој избор бидејќи РБ14 е најнежниот болид кога е во прашање абењето на најмеката смеша донесена од страна на Пирели на Шангај Интернационалната патека.
Крај од оваа Q2 сесија квалификациите беa завршени за Кевин Магнусен со Хас, пред Естебан Окон, Фернандо Алонсо и Штофел Вандорн од Мекларен, додека Хартли остана на 15-то место што го зазеде на крајот од првата сесија.
Кими Раиконен го забележа најбрзото време во првите брзи круга од Q3 сесијата, со предност од 0.161 секунди пред Ветел. Ботас беше трет, додека Хамилтон беше четврти, пет стотинки зад неговиот тимски колега. Ферстапен и Рикиардо беа петти и шести.
Себастијан Ветел, како и на претходната трка го направи најголемиот исчекор во финалните излегувања на патеката, по што за 0.087 делови од секундата повторно му ја ускрати шансата за радост на својот тимски колега, забележувајќи ја 52-та Пол позиција во својата Ф1 кариера и нов рекорд на патеката од 1:31.095.
Возачите на Мерцедес АМГ останаа на своите позиции, Валтери Ботас не успеа да се подобри, додек Хамилтон се откажа од својот круг по направените неколку грешки.
Макс Ферстапен го освои четвртото место пред тимскиот колега Даниел Рикиардо.
Нико Хулкенберг со Рено беше најдобар од останатите на седмата позиција, пред Перез, Саинц ЈР. и Грожан.
2018 КИНЕСКО ГП - КВАЛИФИКАЦИИ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ферари 1:31.095
2. Кими Раиконен Ферари 1:31.182 + 0.087
3. Валтери Ботас Мерцедес АМГ 1:31.625 + 0.530
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:31.675 + 0.580
5. Макс Ферстапен Ред Бул 1:31.796 + 0.701
6. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:31.948 + 0.853
7. Нико Хулкенберг Рено 1:32.532 + 1.437
8. Серџо Перез Форс Индија 1:32.758 + 1.663
9. Карлос Саинц ЈР. Рено 1:32.819 + 1.724
10. Роман Грожан Хас 1:32.855 + 1.760
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:31.914
11. Кевин Магнусен Хас 1:32.986 + 1.072
12. Естебан Окон Форс Индија 1:33.057 + 1.143
13. Фернандо Алонсо Мекларен 1:33.232 + 1.318
14. Штофел Вандорн Мекларен 1:33.505 + 1.591
15. Брендон Хартли Торо Росо 1:33.795 + 1.881
Q1 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:32.171
16. Сергеј Сироткин Вилијамс 1:34.062 + 0.891
17. Пјер Гасли Торо Росо 1:34.101 + 0.930
18. Ленс Строл Вилијамс 1:34.285 + 2.114
19. Чарлс Леклерек Заубер 1:34.454 + 2.283
20. Маркус Ериксон Заубер 1:34.914 + 2.743
107% време: 1:38.623
2014 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:53.860(Д)
2015 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:35.782
2016 Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.402
2017 Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:31.678
2018 Себастијан Ветел Ферари 1:31.095
Најбрзиот круг денес