Поминаа само 96 дена од крајот на минатата сезона, а болидите едвај се сменија за тоа време, но повеќето тимови имаа смена на возачи, а најмаркантен потег беше трансферот на Луис Хамилтон во Ферари.
Нико Хулкенберг беше првиот возач што излезе на патеката со болидот на Заубер, а неколку минути подоцна му се придружија и останатите. Сите избраа жолти пневматици за нивното прво излегување на патеката во Алберт Парк.
Во гаражата остана само Алекс Албон, но набрзо и тој излезе. Првото конкурентно време го забележа Макс Ферстапен, 1:19.771, а потоа времињата почнаа да се подобруваат.
Лиам Лосон ја изгреба заштитната бариера покрај 9-от свиок, додека неговиот тимски колега Ферстапен мина низ чакалот покрај 7-от свиок, без последици по болидите.
Првата тренинг сесијата беше прекината 19 минути по почетокот, за да се расчисти чакалот што заврши на патеката по "екскурзијата" на Џек Дуан. Акцијата набрзо продолжи. Расел, Ферстапен и Антонели излегоа на црвените гуми.
Црвените знамиња по втор пат беа развиорени откако друг дебитант, Оливер Берман, изгуби контрола врз својот Хас и заврши во заштитните бариери покрај 10-от свиок. 19-годишниот Британец не е повреден, но ја напушти патеката со медицинското возило, бидејќи сензорот за преоптоварување покажа опасни вредности.
Возачите се вратија во своите гаражи, како би можеле маршалите да ги обноват заштитните бариери и го расчистат асфалтот. Паузата беше краткотрајна.
Во последната минута, Расел се изврте во безбедносната зона на 4-от свиок, но успеа да избегне контакт со бариерите.
Резултатите беа тесни, со 13 возачи во иста секунда со лидерот. Тоа беше Ландо Норис кој лесно стигна до најбрзото време со 1:17.252, кое беше побрзо од минатогодишната петочна програма во Мелбурн.
Придружете ни се во нашата ВАЈБЕР група, најбрзиот начин да дојдете до информации поврзани со Формула 1 шампионатот.
Чарлс Леклер ги победи возачите на Мекларен на втората тренинг сесија. Моначанецот беше за нешто повеќе од десетинка побрз од Оскар Пјастри и Ландо Норис, додека Луис Хамилтон не можеше да го следи нивното темпо.
Втората тренинг сесија е исклучително важна во Мелбурн, бидејќи се одржува во исто време кога и квалификациите. Асфалтот во Алберт Парк беше сув, а неговата температура достигна 43 степени.
Речиси сите возачи веднаш излегоа во акција кога светлото станало зелено. Возачите на Мерцедес АМГ се одлучија за белите гуми на Пирели, додека сите други ги избраа жолтите за својот прв стинт.
Оливер Берман беше единствениот кој не излезе надвор на патеката во првите минути од сесијата, поради инцидентот на првиот тренинг, а нити до крајот на тренингот неговите механичари не успеаја да го поправат неговиот болид.
Луис Хамилтон се пожали на големо подуправување на неговиот Ферари. Во оваа фаза добро се претстави Чарлс Леклер, кој во својот деветти круг, го имаше најбрзото време од 1:16.794 и го победи Карлос Саинц Јр. за половина секунда. Луис Хамилтон заостануваше четири десетинки зад својот тимски колега.
Во второто излегување на патеката, доминираа црвените гуми на болидите на возачите.
Фернандо Алонсо беше првиот кој забележа време со најбрзите гуми од 1:17.330, а Ленс Строл по два круга за загревање оствари време од 1:17.279. Јуки Цунода ги изненади сите со пласманот на првото место со време од 1:16.784, но следен беше Ландо Норис со време од 1:16.580.
Изненадувачки, возачите на Ферари и Карлос Саинц Јр. во првите квалификациски круга не можеа да ги подобрат своите времиња. Шпанецот во Вилијамс не се обиде повторно, но Ферари имаше втор обид.
Чарлс Леклер се искачи на првото место, додека Луис Хамилтон не можеше да го победи ни Јуки Цунода со болидот на Рејсинг Булс.
По комплетирање на сите квалификациските кругови, Чарлс Леклер остана на првото место, следен од возачите на Мекларен, и двајцата заостануваа нешто повеќе од една десетинка.
Јуки Цунода беше четврти, пред Хамилтон, Хаџар, Ферстапен, Хулкенберг, Строл, Расел, Саинц Јр., Албон и Алонсо.
Во последната третина од сесијата, тимовите се фокусираа на подесување на болидите за трка, така што распоредот на табелата остана непроменет до самиот крај.
Ако ги погледнеме времињата поставени при долгите стинтови, Мекларен повторно изгледа како најголем фаворит со предност од најмалку 2 десетинки до најблискиот ривал, кој е тешко да се одбере помеѓу Ферари и Мерцедес АМГ. Првите на жолти пневматици беа на исто ниво со вторите, кои ги користеа белите гуми и имаа ветувачко темпо.
Холанѓанецот заостанува десетинка зад Ферари и Мерцедес АМГ. Разликата помеѓу Макс Ферстапен и Лиам Лосон е загрижувачка, цела секунда. Засега Хас изгледа како далеку најбавниот болид, Заубер нешто подобар од очекуваното.
Алпин е во големи проблеми со поставките на болидот, кои не даваат резултати. Во средината на поредокот се истакнаа Вилијамс и Рејсинг Булс. Астон Мартин е ни ваму, ни таму, тешко е да се проценат нивните можности.
РАЗВОЈ НА БОЛИДИТЕ ОД ПОСЛЕДНАТА ТРКА