Ниту еден возач на Мерцедес АМГ не заврши на подиумот во Сузука, но Кими Антонели влезе во историјата на Формула 1 со тоа што стана најмладиот возач кој водел на една Ф1 трка.
Плус тој го забележа најбрзиот круг, со време 1:30.965, за 0.018 делови од секундата подобро од рекордот на Луис Хамилтон и ќе остане запишан во историјата на патеката Сузука.
Со оглед на тоа што 2026 генерацијата на Ф1 болиди ќе биде побавна, неговото име ќе остане подолго на табелите.
Кими Антонели: "Се испадна добро! И она на што сум најмногу горд е што веќе се чувствувам сигурен во болидот и можев да нападнам. Дури и во петокот возев помалку самоуверено, во саботата бевме подобри, но сега ми е драго што успеавме да направиме уште еден чекор напред во однос на квалификациите."
"Дефинитивно се радувам на следниот викенд. Конечно, покажавме и добро темпо и добра стабилност, особено на белите гуми. Иако бев многу изненаден што го извозев најбрзиот круг на трката!"
"Навистина се чувствував многу удобно зад воланот на W16, се обидов да се доближам што е можно поблиску до неговите лимити, напаѓав и научив многу за него. Ова искуство ќе ми биде корисно, вклучително и во Бахреин."
"Кога патеката пред мене беше чиста, темпото се зголеми и успеав да го зголемам првиот стинт на жолтите пневматици. Веднаш штом се префрлив на бели гуми, можев да ги стигнам болидите пред мене, но едноставно немав доволно време."
"Беше убаво да се води неколку круга и да станам најмладиот возач во историјата на Формула 1 што го направил тоа. Генерално, ова беше добар викенд, а Сузука има одлична патека. Се надевам дека можеме да направиме дополнителни подобрувања и да се бориме за повисока позиција од денешната."
КИМИ АНТОНЕЛИ СО РЕКОРД НА СУЗУКА
4/06/2025 06:45:00 PM
1 minute read
0
Share to other apps