Себастијан Ветел со уште една лесна Победа за Турското ГП. Ова е негова трета Победа сезонава и досега најдоминантно остварена. Германецот им се заблагодари на механичарите на Ред Бул, кои успеаа да го средат неговиот болид, по излетувањето во петокот. Неговиот тимски колега, Марк Вебер се погрижи за првата 1-2 Победа на Ред Бул, поминувајќи го Алонсо во борбата за второто место, шест круга пред крајот на трката.Одлична трка за Алонсо и Ферари, конечно со пласман на Подиумот и како што изјави Алонсо на Пресот по Трката, конечно да го почуствуваат задоволството на Ф1 натпреварот.
Победата на Ветел никогаш не беше загрозена, а прв пат гледавме стратегија со четири застанувања за промена на гумите. Ветел го одржуваше темпото со минимален напор зад воланот. Главната борба се водеше помеѓу Алонсо и Марк Вебер за второто место, откако фаворизираните Нико Розберг и Луис Хамилтон стартуваа со неуспешни А стратегии, па мораше да се префрлат на Б стратегии. Алонсо го помина Вебер во 27-от круг, и изгледаше дека ќе се одржи на второто место, но се додека не го сменија вториот сет на тврдите гуми во финалниот стинт кога одма се забележа дека Алонсо не ќе може да се одржи пред Австралиецот.
Мекларените и Нико Розберг се бореа за 4-тото место, а најуспешен беше Луис Хамилтон (и покрај лошиот старт и проблемите во бокс, кои го оддалечија од борбата за подиумот) кој на крајот ги искорити свежите гуми да ги помине Розберг и Џенсон Батон, кој ја одбра погрешната тактика со три застанувања во бокс.
Ник Хајдфелд и Виталиј Петров завршиja на седмото и осмото место, по тешката борба во средината. Во еден момент двата болида на Лотус-Рено имаа жестока борба тркалото-до-тркало и Петров речиси турна Хајдфелд во боксот. На крајот завршија со само 1,4 секунди разлика меѓу нив. Германeцот не беше задоволен од блискиот дуел со својот тимски колега: "Да, тоа не беше убаво. Тоа не требаше да се случи. Тој само ме истурка мене широко и стапивме во контакт. Тоа не е безбедно нешто да се направи. Не сум целосно среќен со трката. Јас сум задоволен со темпото, кое беше добро, но јас бев во гужва во поголемиот дел од времето и ако имав малку повеќе слободен простор лесно можеше да имаме подобар резултат."
Последните две места во Топ 10 ги зазедоа Себастијан Буеми и Камуи Кобајаши, кој стартуваше последен и стигна до бод. Очајна и незгодна трка имаа Фелипе Маса, кој не успеа да освои бодови со денес одличниот болид на Ферари, а седумкратниот шампион избрза во некои моменти на почетокот на трката, што не беше негова карактеристика во најдобрите години. Шуми не се снајдува многу со новава Ф1 технологија, но го разбирам, кога уживаш во нешто никогаш не се откажуваш.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА ТУРЦИЈА
ИСТАНБУЛ, ТУРЦИЈА, 58 круга, 309.396kм.
Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1ч30:17.558
2. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ + 8.807
3. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ + 10.075
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН + 40.232
5. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП + 47.539
6. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН + 59.431
7. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО + 1:00.857
8. ВАЛЕРИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО + 1:08.168
9. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО + 1:09.300
10. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР + 1:18.000
11. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ + 1:19.800
12. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП + 1:25.400
13. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
14. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 1 круг
15. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС + 1 круг
16. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 1 круг
17. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС + 1 круг
18. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС + 1 круг
19. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС + 2 круга
20. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 2 круга
21. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ + 3 круга
22. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ + 5 круга
НАЈБРЗ КРУГ: МАРК ВЕБЕР, 1:29.703
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 45
ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1
ПО ПОМИНАТИ 4 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ 93 1. РЕД БУЛ 148
2. ЛУИС ХАМИЛТОН 59 2. МЕКЛАРЕН 105
3. МАРК ВЕБЕР 55 3. ФЕРАРИ 65
4. ЏЕНСОН БАТОН 46 4. ЛОТУС-РЕНО 42
5. ФЕРНАНДО АЛОНСО 41 5. МЕРЦЕДЕС ГП 26
6. ФЕЛИПЕ МАСА 24 6. ЗАУБЕР 8
7. ВАЛЕРИЈ ПЕТРОВ 21 7. ТОРО РОСО 6
8. НИК ХАЈДФЕЛД 21 8. ФОРС ИНДИЈА 4
9. НИКО РОЗБЕРГ 20
10. KКАМУИ КОБАЈАШИ 8
11. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ 6
12. МИХАЕЛ ШУМАХЕР 6
13. АДРИАН СУТИЛ 2
14. ПОЛ ДИ РЕСТА 2