Себастијан Ветел со уште една лесно освоена Пол Позиција, овој пат за Турското ГП во недела. Најбрзото време го постави со голема леснотија, извозувајќи само еден круг во последната сесија на квалификациите за да зачува нов сет од меките гуми за трката. Марк Вебер беше неговиот најблизок ривал, кој исто така постави само еден летечки круг во Q3, нагласувајќи ја доминација на Ред Бул на Истанбул Парк патеката.
Ред Бул го обезбеди првиот ред, Мерцедес ГП им се приближи најблиску од сите, а како што видовме последниот пат во Кина, не можете да го отпишеме и Мекларен. Ферари е тука некаде во оваа комбинација, но според мене како да немаат сила за да се борат за Победа, можеби за последното место на подиумот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:25.049
2. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:25.454 + 0.405
3. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:25.574 + 0.525
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:25.595 + 0.546
5. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:25.851 + 0.802
6. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:25.982 + 0.933
7. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:26.296 + 1.247
8. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:26.646 + 1.597
9. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:26.659 + 1.610
10. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ БЕЗ ВРЕМЕ
НАЈБРЗО ВРЕМЕ ВО Q2: 1:26.740
11. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:26.764 + 1.154
12. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:27.027 + 1.417
13. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:27.145 + 1.535
14. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:27.236 + 1.626
15. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:27.244 + 1.634
16. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:27.255 + 1.645
17. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:27.572 + 1.962
НАЈБРЗО ВРЕМЕ ВО Q1: 1:28.321
18. ХЕЈКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:28.780 + 1.767
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:31.119 + 4.106
20. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:30.445 + 3.432
21. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 1:30.692 + 3.679
22. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:30.813 + 3.800
23. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:31.564 + 4.551
24. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР БЕЗ ВРЕМЕ
107%: 1:33.103