Ветел како по обичај најбрз, сите други гледаа во задниот дел на неговиот болид
Себастијан Ветел го постави најбрзото време на првиот слободен тренинг во Монте Карло, беше побрз од Алонсо на второто место за само 0,113 секунди. И двајцата своите најбрзи круга ги забележаа во последните секунди од првиот слободен тренинг. Нико Розберг го забележа третото најбрзо време со болидот на Мерцедес ГП, следуваат Фелипе Маса и двата болиди на Мекларен, Луис на петтото, а Батон на 6-тото место.Тимскиот колега на Ветел, Марк Вебер, имаше проблематичен прв тренинг и беше принуден да го помине во боксовите поради проблем со менувачот на неговиот болид. Седумкратниот Светски Шампион го имаше првиот состанок со бариерите на патеката во Монако. Тој се изврте при влезот во Sainte Devote и заврши во бариерите. Друг возач што ги пронајде бариерите за време на овој тренинг беше Витантонио Лиуци, кој својот болид го удри во бариерите на пристапот кон шиканата Nouvelle, и остана без своето предно крило.
Овие инциденти беа бргу расчистени, па немаше потреба од прекин на тренингот, но имаше пет минутно црвено знаме при средината на тренингот. Официјалните лица на патеката истрашуваа едно вирче од водата што се појави во близина на стартно/целната линија. Причина за појавата било протекување или пукната водоводна цевка под површината на патеката, но по пет-минутниот прекин официјалните лица донесоа одлука дека е безбедно да се продолжи.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:16.619 25
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:16.732 + 0,113 24
3. ННИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:17.139 + 0,520 20
4. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:17.316 + 0,697 24
5. ЛЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:17.350 + 0,731 23
6. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:17.534 + 0,915 24
7. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:18.527 + 1,908 30
8. АДРИЈАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:18.578 + 1,959 24
9. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:18.733 + 2.114 16
10. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:18.805 + 2,186 14
11. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:18.928 + 2,309 19
12. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:19.234 + 2,615 24
13. РРУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:19.395 + 2,776 24
14. ДАНИЕЛ РИКАРДО ТОРО РОСО 1:19.463 + 2,844 25
15. KАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:19.768 + 3,149 25
16. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:19.792 + 3,173 26
17. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:20.083 + 3,464 23
18. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:21.116 + 4,497 27
19. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:21.548 + 4,929 32
20. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:21.758 + 5,139 31
21. TИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:21.815 + 5,196 17
22. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 1:22.840 + 6,221 13
23. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:23.885 + 7,266 37
24. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ без поставено време 3
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ Фернандо најбрз на вториот слободен тренинг
Фернандо Алонсо го постави најбрзо време на вториот тренинг, во еден израмнет по перформанси тренинг меѓу болидите на Ферари, Мекларен, Ред Бул. Можеби ова значи дека квалификациите за Монако ГП ќе бидат многу интересни. Шпанецот водеше во поголемиот дел од попладнето, успевајќи да остане пред Мекларенот на Луис Хамилтон(за само 0.1с.), Мерцедесот на Нико Розберг, потоа следува вториот Мекларен на Џенсон Батон, додека лидерот во шампионатот Себастијан Ветел беше само петти најбрз на патеката.Маса исто така покажа добро темпо и забележа 6-то време, а Михаел Шумахер успеа да заврши 33 кругови со навреме поправениот болид по неговата авантура во СТ1, поставувајќи најбрзо време доволно за 7-то место. Марк Вебер надомести за изгубеното време ова утро и извозе дури 42 круга, но тој не постави време со празен резервоар, и сепак успеа да биде 8-ми најбрз.
Изгледите за интересна трка во Монте Карло се подгреани со конкурентните времиња при симулација на трка од страна на Ферари, Мекларен и Розберг со времињата на Ред Бул. Но треба да сме внимателни, поради непознатото количество на гориво и подесувањата на моторот на овие тренизи, па можеби поставените времињата лажат. Добив впечаток дека Ред Бул не ни го покажа вистинското темпо, и повторно ќе биде тешко да се победи. Но ова е единствената патека каде тие можат да бидат победени. Со нетрпение ќе ги очекуваме Саботните Квалификации и Трката во недела. Ова може да биде најинтересниот викенд досега оваа сезона, а победникот не може да се предвиди така лесно.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:15.123 42
2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:15.228 + 0.105 33
3. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:15.321 + 0.198 44
4. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:15.448 + 0.325 38
5. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:15.667 + 0.544 46
6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:15.781 + 0.658 45
7. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:16.356 + 1.233 33
8. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:16.642 + 1.519 42
9. АДРИЈАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:17.101 + 1.978 46
10. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО 1:17.126 + 2.003 38
11. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО 1:17.337 + 2.214 35
12. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:17.541 + 2.418 47
13. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:17.570 + 2.447 39
14. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:17.581 + 2.458 32
15. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:17.633 + 2.510 49
16. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:17.706 + 2.583 37
17. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:17.789 + 2.666 43
18. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:18.266 + 3.143 50
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:18.490 + 3.367 39
20. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:19.053 + 3.930 15
21. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:19.185 + 4.062 40
22. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:19.338 + 4.215 35
23. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:22.066 + 6.943 33
24. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ без поставено време