АЛОНСО ПАТРИОТ?!?
Како што е вообичаено кога некој возач влезе во Формула 1 и ќе заработи многу пари, следен потег е преселба во некоја земја со мали даноци како што се Монако и Швајцарија. Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон ја одбраа Швајцарија, при тоа како и со повеќето возачи, но и спортисти од другите добро платени спортови, се правдаа дека преселбата во Швајцарија е само формалност за даночни цели. На изненадување на сите еден возач во текот на зимата се преселил назад во Овиедо, Северна Шпанија. Неговите фанови веќе знаат дека тоа е возачот на Ферари, Фернандо Алонсо, кој само што потпиша нов договор со Ферари.
Според странските медиуми, овој потег Шпанецот би можело да о чини до 75 милиони евра даноци и без разлика колку е богат Алонсо, ова не е сума за потценување. Можеби 75м. евра на даноци не се толку важни, од тоа да се биде блиску до домот?
Без разлика на се, тоа се многу пари и Шпанија е среќна што го имаат назад во земјата. Социјалистичката партија претрпе големи загуби на изборите во неделата, како последица на рекорната невработеност од 21%, што поттикна протести на национално ниво. Можеби овие 75м. евра добро ќе им дојдат на партијата на власт.
НЕМА DRS ВО ТУНЕЛОТ ВО МОНАКО!!!
Возачите нема да можат да го користат системот DRS во тунелот оваа недела во Монако. Оваа одлука е донесена откако голем број возачи изразиле сомневање дека тоа е потенцијална опасност. За време на тренинзите и квалификациите DRS ќе може да се користи насекаде на патеката со исклучок на тунелот, додека во трката само во DRS зоната, која ќе биде на стартниот правец.
ФЕРАРИ ИМ СЕ ЛУТИ НА ПИРЕЛИ!!!
Ферари планира да разговара со одговорните во ПИРЕЛИ дали се или не се потребни дополнителни промени на гумите со тврда компонента за подоцна оваа сезона. Двата болиди на Ферари имаа големи проблеми со овие гуми на последната трка во Шпанија.
Стефано Доменикали изјави:
"Она што го видовме во Шпанија се услови каде треба да имаме максимално ниво на downforce, а ние го немаме! Ние мора го истакнеме фактот дека никако не бевме во можност да ги доведеме тврдите гума во работна состојба. Знаете дека Фернандо водеше во првите 18 круга, а во 46 круг бевме поминати за цел еден круг од водечкиот болид, поради тоа што губевме околу три секунди по круг. Тоа е тешко да се објасни."
"Морам да кажам дека ова беше една од најлошите трка за нас, во смисла на перформансите на трката. Во последните неколку трки бевме брзи, а ова е срамота. Но, видовме дека работите се толку променливи оваа година, и можеби гумите на Пирели ја направија оваа голема разлика во перформансите"
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.