Приказ на патеката во Монте Карло
Патеката во Монте Карло ги има најубавите пејсажи во Ф1. Оваа година Монако ГП-то се очекува со голема нестрпливост, високата деградација на Пирели гумите ветува дека не очекува една од најдраматичните трки досега возени во ова мало Кнежество. Од Пирели сметаат дека супер меките гуми ќе траат од 7-10 круга и подолги стинтови ќе бидат можни на меките гуми, но некои членови на Ф1 тимовите не се толку сигурни околу ова. Друга работа што би можела да има влијание на трката е количината на парчиња стопена гума исфрлена од гумите на Пирели. Со бариери блиску до патеката тие нема каде да одат, освен назад на патеката, а тоа може да создаде потешкотии на возачите при престигнувањата, т.е. во случаите кога болидот не се движи од тркачката линија.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел се уште нема забележано победа во Монте Карло, а оваа година ја посакува и најреално може да ја оствари. Првиот настап на Монако ГП-то го имаше во 2007 година, и беше импресивен, стартуваше како 18-ти и искористувајќи го дождот стигна до 5-тото место со болидот на Торо Росо. Следната година не ја заврши трката, а минатата година заврши на второто место.• Марк Вебер доминираше на минатогодишната трка, освојувајќи ја Пол Позицијата и водеше во сите кругови до целта. Австралиецот се наоѓа при врвот секоја година во Монако уште од 2005 година, кога го забележа својот прв пласман на Ф1 подиумот со 3-тото место за Вилијамс, а Победата дојде во 2010 година. Тој се квалификува во топ 10 во последните шест Монако ГП-ја и има скор од 8-1 во квалификациите против своите тимски колеги, победен е само од страна на Ветел во 2009 година.
•Луис Хамилтон заврши на второто место на неговиот инаугуративен настап на Монако ГП-то во 2007 година, зад неговиот тогашен тимски колега Фернандо Алонсо, а веќе следната година ја забележа и својата прва Победа во Монте Карло. Грешката во квалификациите го однесе назад на стартната листа во 2009 година и трката ја заврши на 12-тото место, а минатата година заврши на 5-тото место.
• Џенсон Батон забележал само два пласмани на подиумот од десет започнати трки во Монако, и тоа Победа за Браун ГП во 2009 година и второ место за БАР во 2004 година. Неговиот скор во квалификациите против неговите тимски колеги е 3-7.
• Фернандо Алонсо исто така има само два пласмани на подиумот во Кнежевството, и тоа две Победи првта со Рено во 2006 година и со Мекларен веќе во следната сезона, 2007 година. Минатата година го уништи болидот со Саботниот тренинг и тоа го принуди да ги пропушти квалификациите и стартуваше како последен, но трката ја заврши на 6-тото место. Само Андреа де Адамиц (во 1973) и Ерик Бернар (1990) имале таков прогрес како Шпанецот.
• Фелипе Маса пропушти голема шанса за победа во 2008 година, завршувајќи на третото место а старуваше од Пол Позицијата и стана единствениот возач кој стартувал од Пол Позицијата а не победил на трката во последните седум години. Секогаш завршува во топ 10 во Монако, неговите понови резултати доаѓаат во парови, две четврти места, па следуваат две трети места и на крај две деветти места.
• Михаел Шумахер има пет победи во Монако и е на второто место по Победи во Монако. Возачот со најмногу победи, 6, е Аиртон Сена. Минатата година прв пат заврши надвор од Топ 10 пласман во својата кариера, кога во последниот круг го помина Алонсо по влегувањето на безбедносното возило. По трката беше казнет со 20 секунди, што значеше 12-то место за него. Минатата година тој за прв пат беше победен од свој тимски колега во квалификациите.
• Нико Розберг секогаш стартувал меѓу најдобрите 10 во Монако, но завршува во поени само во последните две години, а 6-тото место во 2009 година е неговиот најдобар резултат.
• Ник Хајдфелд забележувал поени секоја година од 2004-2007, а негов најдобар резултат е второто место во 2005 година за Вилијамс. Тој не успеа да биде во најдобрите 10 во квалификациите, ни во трката во двата последни негови настапи во Монако.
• Виталиј Петров во дебитантската трка минатата година не се пласираше во најдобрите 10 во квалификациите, но интересен податок е што во последните седум трки тој успева да се пласира во Q3. Во Монако минатата година заврши со дупната гума веќе на почетокот на трката.
• Рубенс Баричело завршува како втор во Монако во четири прилики, а последната беше пред две години со Браун ГП. Тој не успеал да се квалификува во Топ 10 само еднаш во 2008 година, но од друга страна спротивно на Петров оваа сезона нема пласман во Q3. Тој ги завршуваше последните 10 трки со пласман во најдобрите десет, рекорд кој заврши минатата година, кога поради проблеми со суспензија не ја заврши трката.
• Адријан Сутил минатата година го имаше својот најдобар резултат во Монако со 8-то место, но негов потенцијално најдобар настап беше во 2008 година, кога Кими Раиконен го удри неговиот болид во задниот дел на излезот од тунелот на неколку круга пред крајот на трката, во момент кога беше на одличното 4-то место . Негов најдобар пласман во квалификациите е 12-тата стартна позиција минатата година.
• Камуи Кобајаши минатата година поради расипан менувач не ја заврши трката на своето деби на Монако ГП.
• Себастијан Буеми отсекогаш има солиден настап во Монако, најдобра стартна позиција му е 11-тата, забележана во 2009 година, а најдобриот пласман во трка го имаше минатат година со 10-тото место, кое му донесе еден поен.
• Хеики Ковалаинен има освоено само еден поен во Монако, во 2008 година со болидот на Мекларен, но тогаш тој стартуваше од 20-тата стартна позиција.
• Јарно Трули својата единствена Победа ја забележа во Монако во 2004 година со Рено, но од тогаш никогаш не освоил ни поен на оваа патека. Тој има импресивен скор со своите тимски колеги во квалификациите во Монако, 13-1, единствено беше победен од Ковалаинен минатата година.
• Витантониo Лиуци започна и заврши во топ 10 минатата година. Трката ја заврши на 9-тото место.
• Тимо Глок никогаш неосвоил поени во Монако, и покрај учеството на четири трки.
• Пастор Малдонадо, Серџо Перез, Џером Д`Амброзио се дебитанти во Монако.
ТИМОВИ
• Мекларен е најуспешниот тим во историјата на Монако ГП-то. Има Победено на 15 трки, седум повеќе од најблискиот ривал Ферари. Последна победа е со Луис Хамилтон во 2008 година.
• Ферари нема Победа во Монако веќе 10 години, а последната победа беше со Михаел Шумахер во 2001 година. Немаат повисок пласман од 3-тото место во последните пет години, а минатата година немаа пласман ни на подиумот.
• Ред Бул има добри спомени од Монте Карло. Дејвид Култхард го забележа нивниот прв пласман на Ф1 подиумот во 2006 година. Минатата година Вебер им ја донесе нивната прва победа, а Ветел се погрижи да биде "прво па машко" со пласманот на 2-то место. Тоа беше и прва 1-2 Победа за нив.
• Мерцедес ГП е Победик во Монако во три последователни години меѓу 1935 и 1937 година благодарение на Луиџи Фаџиоли, Манфред фон Браушиц и Рудолф Карациола сите пред почетокот на денешниот формат на Светскиот Шампионат. Последна понова нивна победа беше со поранешниот дрес на овој тим, т.е. како Браун ГП во 2009 година.
• Рено има две Победи во Монако, со Трули и Алонсо во 2004 и 2006, соодветно, но од тогаш, третото место на Роберт Кубица минатата година е единствениот пласман на подиумот.
• Вилијамс има три Победи во Монако, но не ја вкусиле победата од 2003 година, Хуан Пабло Монтоја, и немаат пласман на подиумот уште од 2005 година, кога Хајдфелд и Вебер беа втор и трет. Минатата година и двата болиди не ја завршија трката.
• Форс Индија минатата година го постигна својот најдобар резултат во Монако, кога Сутил и Лиуци беа 8-ми и 9-ти.
• Заубер последен пат освои поени во Монако благодарение на втората позиција на Кубица во 2008 година. Минатата година и двата нивни болиди не ја завршија трката.
• Торо Росо освојува поени во последните три години во Монако. Само Ферари може да се пофали со слично постигнување.