Уште една совршена трка за Ветел...
Себастијан Ветел со половина сили успеа да одолее на огромниот притисок од Луис Хамилтон и ја забележа својата четврта победа на Шпанското ГП во Барселона. Тој во најтешката трка за него го победи Хамилтон за само 0.6 сек., откако Мекларен се покажа како достоен противник на Ред бул во оваа трка. Но ако гледаме реално на работите со проблемите на младиот Германец со КЕРС-от, Хамилтон требаше да го помине со 80-те конски сили повеќе плус DRS системот. Значи Ред Бул останува за секунда побрз од сите.Џенсон Батон по очајниот старт за него, успеа да се соземе и го освои третото место, имаше брилијантен круг кога со еден удар ги помина Вебер и Алонсо за заслужено трето место. Лош старт и за човекот што ја имаше Пол Позицијата, Марк Вебер, кој на стартот беше поминат од Алонсо и Ветел, но и тоа како последица на неупотребливиот КЕРС на Ред Бул, па заврши на четвртото место, но пак пред Алонсо.
Шпанецот имаше брилијантен старт од четвртата позиција и успеа да го добие Вебер и ја преземе водечката позиција, исто го направи и Ветел со тимски колега но од надворешната страна за второто место. Сардисан од сите страни Австралиецот успеа да го задржи третото место. Почетокот на трката го обележа и слабиот старт на Батон кој падна на десеттото, додека Михаел Шумахер се искачи на шестото место пред својот тимски колега Нико Розберг.
Алонсо водечката позиција ја задржа се до второто влегување во боксовите, кога беше поминат од Ветел, кој влезе малку пред него во боксовите, и со свежи гуми успеа да ја надополни малата разлика меѓу нив двајцата. Кога веќе немаше кој да го запира, болидот на Ред Бул ја покажа својата сила. Неколку круга подоцна Алонсо беше лесен залак и за Хамилтон. До крајот на трката успеаа да го поминат и за цел еден круг. Ферари ја нема потребната брзина, ја има на моменти, но не е во тоа поентата, треба да се биде прв на Трката.
Михаел Шумахер, далеку од целата акција во Шпанија успеа да се задржи пред својот тимски колега Нико Розберг, седумкратниот Светски Шампион имаше добра трка. Дуото на Мерцедес заврши на шестата т.е. седмата позиција. Возачот на Лотус-Рено, Ник Хајдфелд кој стартуваше од последната позиција максимално ги искористи зачуваните гуми и заврши на 8-то место. Последните места во Топ 10 ги освоија возачите на Заубер, Перез беше 9-ти, А Кобајаши 10-ти.
Три болиди не ја завршија трката, Лиуци се откажа рано, Хеики Ковалаинен на 15 круга до крајот, заврши во бариерата со гуми на четвртата кривина, додека Фелипе Маса го паркира неговиот болид на кај кривината седум по една лоша трка за него, големи проблеми имаше со тврдата компонента на тврдите гуми на Пирели.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА ШПАНИЈА
Каталуња, Барселона, Шпанија,66 круга; 307.104kм;
Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1Ч39:03.301
2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН + 0.630
3. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН + 35.697
4. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ + 47.966
5. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ + 1 круг
6. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП + 1 круг
7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП + 1 круг
8. НИК ХАЈДФЕЛД ЛОТУС-РЕНО + 1 круг
9. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 1 круг
10. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР + 1 круг
11. ВАЛЕРИЈ ПЕТРОВ ЛОТУС-РЕНО + 1 круг
12. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
13. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
14. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО + 1 круг
15. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС + 1 круг
16. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 2 круга
17. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС + 2 круга
18. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС + 2 круга
19. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН + 3 круга
20. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 3 круга
21. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ + 4 круга
НАЈБРЗ КРУГ: ЛУИС ХАМИЛТОН, 1:26.727
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 60
ХЕЈКИМ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 49
ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 29
ПОСЛЕ 5 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. ВЕТЕЛ 118 1. РЕД БУЛ 185
2. ХАМИЛТОН 77 2. МЕКЛАРЕН 138
3. ВЕБЕР 67 3. ФЕРАРИ 75
4. БАТОН 61 4. ЛОТУС-РЕНО 46
5. АЛОНСО 51 5. МЕРЦЕДЕС 40
6. РОЗБЕРГ 26 6. ЗАУБЕР 11
7. ХАЈДФЕЛД 25 7. ТОРО РОСО 6
8. МАСА 24 8. ФОРС ИНДИЈА 4
9. ПЕТРОВ 21
10. ШУМАХЕР 14
11. КОБАЈАШИ 9
12. БУЕМИ 6
13. СУТИЛ 2
14. ДИ РЕСТА 2
15. ПЕРЕЗ 2