Ветел со прва за него Пол Позиција во Монте Карло
Себастијан Ветел за забележа петтата Пол Позиција оваа сезона, поставувајќи го најбрзото време на денешните квалификациите во Монте Карло. Позначајно за него е што ова е негова прва најдобра стартна позиција на оваа патека, која е една од ретките во Ф1 календарот каде нема стартувано од Пол Позицијата. Германецот го постави најбрзото време при средината на Q1, пред да се случи инцидентот на Перез кој ги одбележа овие квалификации. До него ќе стартува Џенсон Батон, а Вебер и Алонсо ќе стартуваат од вториот стартен ред. Михаел Шумахер и Фелипе Маса ќе стартуваат од 5-тата и 6-тата позиција, Хамилтон и Розберг од 7-та и 8-та позиција, а најдобрите десет ги заокружуваат Пастор Малдонадо на 9-тата и Перез на 10-тата(ако се поправи неговиот болид и тој може да учествува на трката).
Ова е нереален однос на силите, а се беше пореметено со излетувањето на Перез. Сесијата беше стопирана кога требаше да направат брзи кругови Хамилтон, Маса, Алонсо, Розберг. Најголем губитник излезе Британецот, кој остана на слабата за него 7-ма позиција.
Како што напоменавме квалификациска сесија ја обележа излетувањето на Серџо Перез на излегувањето од тунелот. При излезот тој беше надвор од тркачката линија, поради кои причини се уште не знаеме, а возењето на валканата и полна со парчиња стопена гума линија предивикува нестабилност на болидот, изгуби контрола врз задниот дел на својот болид при кочењето удри во бариерите прво со предниот, а потоа и со задниот дел на болидот, се изврте за 90 степени и странично удри во т.н. TEXACО бариера( името го добила според фирмата што ја изработува и дијанира, а има за цел амортизација на огромната енергија која се создава при судир) на завршувањето на Nouvelle шиканата.
Следуваше подолг прекин на Q1 сесијата за да Мексиканецот биде изваден од кокпитот поради сериозноста на сударот, а потоа и растурената бариера да се врати во првобитната состојба. Според последните најави од Монако, Перез е во свесна состојба, а притоа зборувал и со докторите на патот кон болницата. Нема видливи повреди на неговото тело, туку само ќе биде прегледан да се утврди дали има потрес на мозокот. Лекарите ќе одлучат дали ќе стартува на утрешната трка.
По санирањето на патеката сесијата продолжи, со 2 минути и 26 секунди до крајот. Ветел веќе претходно имаше поставено супер брзо време, возејќи брилијантен круг, без никаква грешка, па продолжението го проследи од боксовите. Откако зеленото светло означи дека квалификациите можат да продолжат, сите освен Германецот и Перез излегоа да постават брзи времиња, но по речиси 30 минутен прекин едноставно немаше време супер меките гуми да се загреат доволно и се постави позначајно време.
Витантонио Лиуци ја преседе целата сесија по неговоит судир не денешниот тренинг, додека Нараин Картикијан имал проблеми со задната суспензија кои не можело да се поправат до почетокот на Квалификациите, но стјуардите на ФИА им дозволија да стартуваат на утрешната трка, бидејќи најдобрите времињата кои ги имаа на слободните тренизи се во рамките на правилото 107%.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:13.556
2. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:13.997 + 0.441
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:14.019 + 0.463
4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:14.483 + 0.927
5. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:14.682 + 1.126
6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:14.877 + 1.321
7. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:15.280 + 1.724
8. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:15.766 + 2.210
9. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:16.528 + 2.972
10. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР без поставено време
Q2 НАЈДОБРО ВРЕМЕ: 1:15.545 РАЗЛИКА
11. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:15.815 + 1.540
12. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:15.826 + 1.551
13. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:15.973 + 1.698
14. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:16.118 + 1.843
15. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:16.121 + 1.846
16. НИК ХАЈДФЕЛД РЕНО 1:16.214 + 1.939
17. СЕБАСТИЈАН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:16.300 + 2.025
Q1 НАЈДОБРО ВРЕМЕ: 1:16.813 РАЗЛИКА
18. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:17.343 + 2.136
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:17.381 + 2.174
20. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:17.820 + 2.613
21. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:17.914 + 2.707
22. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:18.736 + 3.529
23. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ без поставено време
24. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ без поставено време
107% ВРЕМЕ: 1:20.471

