Маса лут на Хамилтон
Фелипе Маса ги повика стјуардите на ФИА да донесат дополнителни казни против Луис Хамилтон, по нивниот судир за време на Монако ГП.
"Тој се обиде да ме помине преку ивичњаците, каде што мислам дека не е можно да се престигне болид. Мислам дека тој беше премногу агресивен. Тогаш, кога влегов во тунелот мојот болид беше оштетен, се најдов на валканата страна на патеката и удрив во бариерата. Она што тој го направи денеска беше неверојатно. Не само со мене, туку и со другите возачи. ФИА треба да размисли и да го казни уште повеќе, или него нема да му дојде паметот."

