ЌЕ ИМА ЛИ 2011 БАХРЕИН ГП ИЛИ НЕ?
ПРВИЧЕН КАЛЕНДАР ЗА 2012По седницата на WMSC беше објавен и провизорниот календар за трките од Формула 1 за 2012 година. Во него се наоѓа трката во Турција, но со забелешка дека подлежи на дополнителна потврда. Бројот на трките се зголеми на 21 откако во него се појавува и трката за Големата награда на САД.
11/03/2012
Бахреин
18/03/2012
Австралија
01/04/2012
Малезија
08/04/2012
Кина
22/04/2012
Кореја
06/05/2012
Турција *
20/05/2012
Шпанија
27/05/2012
Монако
10/06/2012
Канада
17/06/2012
САД
01/07/2012
Валенсија
15/07/2012
Велика Британија
29/07/2012
Германија
05/08/2012
Унгарија
02/09/2012
Белгија
09/09/2012
Италија
30/09/2012
Сингапур
14/10/2012
Јапонија
28/10/2012
Индија
11/11/2012
Абу Даби
25/11/2012
Бразил
Според договорот "Конкорд" трките не можат да бидат повеќе од 20. Бројот сепак, може да биде зголемен со согласност на сите тимови.
БАХРЕИН ГП СЕ ВРАЌА!?!
Бахреин ГП и официјално се врати во календарот за 2011 година. Трката требаше да биде прва во календарот, но се откажа поради цивилните протести и прогласената вонредна состојба, која што беше укината пред два дена. Веста за обновувањето на трката прво беше објавена од организаторите, а ппотоа потврдена и официјално од ФИА.
Трката во Бахреин ќе го заземе датумот на трката во Индија, 30 Октомври, која пак се преместува во Декември, како финална трка од сезоната. Датумот ќе биде дополнително утврден.
Три дена по официјалната одлуката на ФИА за враќање на Бахреин ГП, останува неизвесноста дали оваа трка навистина ќе се одржи. Се шпекулира дека голем број од Ф1 тимовите се незадоволни со одлуката. Тие му се лутат на Берни Еклстоун кој одлучил да го игнорира она што му било кажано. Некои спонзори, исто така, биле незадоволни со негативната атмосфера која може да резултира негативно на рекламирањето на нивните брендови. Исто така и возачите ја изразија својата загриженост дека ФИА може да ги спроведе потребните мерки на безбедност за да им се овозможи да се натпреваруваат.
РЕНО СО НОВ СУПЕР МОДЕРЕН СИМУЛАТОР.
Рено даде зелено светло за инвестирање во нов супер модерен симулатор во својата база во Енстоун, како дел од надградба на своите објекти. Тимот заостанува зад Мекларен, Ред Бул и Ферари во оваа област на технологијата во последните години. Меѓутоа, новите сопственици на Рено се согласија да ги финансираат трошоците на новиот симулатор, за кој се надеваат дека ќе биде оперативен до крајот на годината.

