Алонсо го вкуси победничкото шампанско
Фернандо Алонсо и Ферари како што коментираат Британските станици забележа победа на гостински терен, победувајќи ги двата Ред Була, додека Мекларенци спасуваа 4-то место со Хамилтон, додека проблемите во боксовите на Ред Бул и Мекларен ја обележаа оваа трка.Како и цел викенд оваа трка се одвиваше во многу променливи временски услови, од дожд до сонце на доделувањето на пехарите. Добро е што конечно последниве три трки имаме три различни победници, а овој пат тоа беше Фернандо Алонсо, кој ја искористи грешката на механичарите на Ред Бул, и кога ја изби на првата позиција, со одлично возење ја задржа до самиот крај. Но не беше се така лесно...
Како резултат на дождот сите болиди стартуваа со Интермедиа гумите, а добар старт имаа тие што имаа среќа да се најдат на посувиот дел од патеката, а тоа беа парните броеви. Така да Ветел пролета покрај Вебер и веднаш по првиот свиок го превзеде водството, Алонсо ја задржа третата позиција, а Батон успеа да го помине Маса за четвртото место. До крајот на првиот круг Ветел имаше убедливо водство, а Хамилтон веќе стигна до седмото место, за потоа го помине и Пол ди Реста за шестата.
Батон и покрај добриот старт имаше проблеми со стабилноста на болидот, па набрзо Маса си ја врати изгубената позиција, а подоцна беше поминат и од Хамилтон. Во тие моменти Хамилтон беше најбрзиот човек на патеката. Влажната патека му одговараше потполно и наскоро го стигна, а потоа лесно и го престигна Маса. Истото го повтори и со Алонсо.
Михаел Шумахер беше првиот возач кој стави гуми за суво, но по контактот со Камуи Кобајаши остана без предното крило, премногу грешки од овој тип за него во последниве трки, не знам дали има завршено трка со истиот нос со кој ја започнал трката. Од како почна да поставува најбрзи времиња сите се решија да ги посетуваат боксовите. Најголем губтник од тоа испадна Маса кој мораше да чека прво Алонсо да се реши да влезе во бокс, со што по којзнае кој пат свесно го жртвуваат од Ферари.
По боксовите Ветел се држеше одлично и правеше разлика, Вебер не можеше да го следи, а Хамилтон уште помалку, па наскоро беше стигнат од Алонсо, кој му врати мило за драго на Британецот, а веднаш потоа тргна во потера по Вебер. Вебер се реши да влезе по нови гуми, со надеж дека ќе ја задржи позицијата, но Алонсо беше брз и остана уште еден дополнителен круг, и ја задржа втората позиција, пред финалната рунда во боксовите.
А таа излезе перфектна за Шпанецот. Во истиот момент кога Ветел се реши да влезе во боксовите, веднаш тоа го направи и Алонсо. Механичарите на Ред Бул имаа проблем со левото задно тркало на Ветел, ја загубија предноста и Алонсо замина од боксовите како водечки во трката. Кога Ветел се врати на патеката беше и зад Хамилтон, кој пак го искористи киксот на механичарите на Вебер, сличен на оној на Ветел. Алонсо на првата позиција беше во можност да направи разлика, а Хамилтон направи добра работа за него задржувајќи го Ветел. Британецот беше поминат од Ветел, а подоцна и од Вебер поради тоа што мораше да штеди на гориво, ако сака да ја заврши трката.
Алонсо со Ферари на првата позиција не пречен од никого константно ја зголемуваше предноста, како да сакаше да каже да не го отпишуваме Италијанскиот тим пред време, но не ли е сето ова многу задоцнето. Драмата траеше се до самиот финиш. Борбата се одвиваше меѓу Вебер и Ветел за 2-то место, и Маса и Хамилтон за 4-тото. Првиот дуел веднаш беше прекинат по првата блиска средба, од страна на Кристијан Хорнер, кој му нареди на Вебер да не го претекнува Ветел. Можеби беше во право бидејќи вториот дуел за малку не заврши со фатални последици за Маса или Хамилтон. Маса се обиде да го помине Луис од надворешна страна во претпоследната шикана, и имаше контакт меѓу нив, Маса заврши со скршен страничен спојлер, малку попушти и му дозоли на Хамилтон последната кривина да ја фати од внатрешната страна и да заврши 0.024с пред него. Втор фото-финиш за Маса сезонава но овој го изгуби. Се на се гледавме возбудлива трка, и се надеваме дека и следните што не очекуваат ќе бидат слични на денешнава.
Оваа сезона добро е чуството кога се пишува извештај, а победникот на трката не е болид на Ред Бул. Голем ден за Италијанскиот тим и заслужено ќе има голема забава во нивниот дел од Силвертоун. Добро би било кога би можеле и ние да се приклучиме.
ГОЛЕМА НАГРАДА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
52 круга, Време: Влажно, па суво; ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1Ч28:41.194
2. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ + 16.511
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ + 16.947
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН + 28.986
5. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ + 29.010
6. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП + 1:00.665
7. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 1:05.590
8. НИК ХАЈДФЕЛД РЕНО + 1:15.542
9. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП + 1:17.912
10. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 1:19.108
11. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 1:19.712
12. ВАЛЕРИЈ ПЕТРОВ РЕНО + 1:20.600
13. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС + 1 круг
14. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС + 1 круг
15. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
16. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН + 2 круга
17. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 2 круга
18. ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ + 2 круга
19. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ + 3 круга НАЈБРЗ КРУГ: ФЕРНАНДО АЛОНСО, 1:34.908
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
БАТОН МЕКЛАРЕН 11
БУЕМИ ТОРО РОСО 26
КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 28
ТРУЛИ ЛОТУС 41
КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 49
ПЛАСМАН ПО 9 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. ВЕТЕЛ 204 1. РЕД БУЛ 328
2. ВЕБЕР 124 2. МЕКЛАРЕН 218
3. АЛОНСО 112 3. ФЕРАРИ 164
4. ХАМИЛТОН 109 4. МЕРЦЕДЕС ГП 68
5. БАТОН 109 5. РЕНО 65
6. МАСА 52 6. ЗАУБЕР 33
7. РОЗБЕРГ 40 7. ТОРО РОСО 17
8. ХАЈДФЕЛД 34 8. ФОРС ИНДИЈА 12
9. ПЕТРОВ 31 9. ВИЛИЈАМС 4
10. ШУМАХЕР 28
11. КОБАЈАШИ 25
12. СУТИЛ 10
13. АЛГУЕРСУАРИ 9
14. БУЕМИ 8
15. ПЕРЕЗ 8
16. БАРИЧЕЛО 4
17. ДИ РЕСТА 2

