Иако ова е патека која по својот облик повеќе личи на картинг патека, таа е изградена специјално за Формула Еден трки во средината на осумдесеттите години. Берни Екелстоун сакаше да има Унгарското ГП со цел да се одржи трка "на другата страна на железната завеса". Победник на првото Ф1 Унгарското ГП, кое се одржа во 1986 година, беше Нелсон Пике, со болидот на Вилијамс. За добар круг на оваа патека болидот треба да биде способен добро да "легне" врз испакнатините, како и да има многу високо ниво на downforce. Добар грип и одличен вртежен момент се потребни при излез од бавните кривини, а единствено вистинско место за претекнување е под сопирање кај првиот свиок, на крајот од стартно-целната рамнина.
Хунгароринг е познат како патеката на која возачи ги забележуваат своите први Ф1 Победи. Дејмон Хил, Фернандо Алонсо, Џенсон Батон и Хеики Ковалаинен ја имаат својата Прва Ф1 Гран При победа на оваа патека.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел минатата година стартуваше од Пол позицијата во Унгарија, но трката ја заврши на трето место. Победата му ја одзеде казната со возење низ бокс. Тој, исто така, стартуваше од првиот ред и во 2009 година, но тогаш не ја заврши трката.
• Марк Вебер последната своја Победа ја забележа минатата година во Хунгароринг, и ова е патека која обично добро му одговара на Австралијанецот. Тој исто така е со пласман на подиумот во 2009 година(3-то место) и се квалификува во најдобрите 10 во последните пет години.
• Луис Хамилтон има две Победи во Унгарија, и тоа во 2007 година и 2009 година. Во 2008 година победата му беше при рака, но неговиот ризик со гумите не се исплати, па заврши со дупната гума. Минатата година исто така не ја заврши трката поради скршен менувач. Тој никогаш не е победен од својот тимски колега на Хунгароринг, и има две Пол позиции и тоа во 2007 и 2008 година.
• Џенсон Батон ќе биде 11-от возач кој ќе влезе во кругот на возачи со 200 Гран При Старта овој викенд во Унгарија, и тоа на патеката на која ја забележа својата Прва Формула 1 Победа со болидот на Хонда во 2006 година. Но, освен таа победа, тој никогаш не успеал да се искачи на подиумот на Хунгароринг и освојува поени само пет пати од 11 започнати трки. Во текот на последните пет години тој успеал да се квалификува во најдобрите 10 само во 2008 година, а четвртата стартна позиција е неговиот најдобар пласман на квалификациите, остварен во далечната 2004 година.
• Фернандо Алонсо исто како и Батон на Хунгароринг ја забележа својата прва Ф1 Гран При Победа во 2003 година, со болидот на Рено. Тој завршил на подиумот уште двапати, во 2004 и 2010 година и има две Пол Позиции, и тоа во 2003 и 2009 година.
• Фелипе Маса нема пласман на подиумот во Унгарија и има освоено поени на само две од осум започнати трки во Хунгароринг. Неговиот најдобар резултат е четвртото место минатата година на неговото враќање на патеката за прв пат по несреќата во квалификациите во 2009 година. Една година пред тоа, 2008, тој го водеше поголемиот дел од трката, но при самиот нејзин крај неговиот мотор откажа и тој остана со празни раце.
• Михаел Шумахер е најуспешниот возач во историјата на Унгарското ГП со четири победи и седум Пол позиции. Тоа се резултати пред неговото пензионирање, а минатата година, на неговиот кам-бек во Унгарија, стартуваше од 14-тата позиција, а трката ја заврши на 11-тото место.
• Нико Розберг овој викенд ќе влезе во кругот на возачи со 100 Гран При старта, а во својата кариерата никогаш досега не успеал да Победи или биде на Пол позицијата за Унгарското ГП. Неговиот најдобар разултат на оваа патека се случи во 2009 година, кога го освои четвртото место за Вилијамс. Тој само во 2006 година стартувал зад својот тимски колега, а најдобар пласман во квалификациите е 4-тата позиција во 2007 година.
• Ник Хајдфелд има два пласмани на подиумот во Унгарија(3-ти места), во 2006 и 2007 година. Стартувал еднаш од првиот ред(2-ра позиција), во 2007 година, но на полсените два свои настапи не успева да се квалификува подолу од 15-тата позиција.
• Виталиј Петров минатата година на своето деби на оваа патека имаше сензационална трка, и беше побрз од својот тимски колега Роберт Кубица цел викенд. Ги забележа до тогаш своите најдобри пласмани во кариерата, седмата стартна позиција и 5-тото место во трката.
• Рубенс Баричело својот најдобар пласман го има во 2002 година, кога стартуваше од Пол позицијата и беше Победник на трката со болидот на Ферари. Има уште два пласмани на подиумот(2-ри места) во 2001 година и 2004 година. Во последните неколку сезони нема добри пласмани на Хунгароринг, и има освоено само еден бод во последните четири години и никогаш не се кваливикувал во најдобрите 10 во тој период.
• Адријан Сутил никогаш не се квалификувал во најдобрите 10 или пак освоил поени во Унгарија, и не ги завршува трките во последните три години. Неговиот последен финиш во трката е 17-тото место во 2007 година.
• Пол ди Реста, минатата година на Хунгароринг настапи на тренизите како тест-возач на Форс Индија.
• Камуи Кобајаши минатата година имаше супер трка кога заврши на деветтото место, откако поради казна стартуваше од 23-тата позиција.
• Себастијан Буеми, минатата година во Унгарија го имаше својот најдобар пласман и тоа 12-тото место, а најдобар пласман на квалификациите му е 10-тата позиција во 2009 година.
• Џејми Алгуерсуари стана најмладиот возач во Ф1 историјата, кој настапил на Ф1 трка, на своето деби на Хунгароринг во 2009 година, но нема позначајни резултати.
• Хеики Ковалаинен ја забележа својата единствена Ф1 Победа во Унгарија во 2008 година, по откажувањето на моторот на Маса за кое пишувавме погоре. Минатата година со Лотус беше 14-ти.
• Јарно Трули се квалификувал во најдобрите 10 во Унгарија секоја година од 2001-2008, но нема пласман на подиумот и освоил само 10 поени од неговите 14 започнати трки на оваа патека.
• Витантонио Лиуци има четири настапи на Хунгароринг, а негов најдобар пласман е 13-тото место освоено минатата година.
• Тимо Глок го забележа својот деби Ф1 пласман на подиумот во Унгарија во 2008 година за Тојота, трката ја започна од 5-тата позоција, а ја заврши на 2-ро место.
• Пастор Малдонад, Жером д`Амброзио, Даниел Рикардо, Серџо Перез се дебитанти на оваа патека.
ТИМОВИ:
• Мекларен е најуспешниот тим на Унгарското ГП со девет Победи. Последните три победи со кои му побегнаа на Вилијамс(7 победи) беа од 2007-2009 година, две на Хамилтон и една на Хеики Ковалаинен. Минатата година, за прв пат од 2004 година, немаа пласман на подиумот.
• Ред Бул минатата година доминираше во Унгарија, во квалификациите беа 1.2сек. побрзи од најблискиот болид на Ферари на 3-тата стартна позиција, но не успееа да забележат 1-2 Победа поради казната на Ветел, па тој заврши зад возачот на Ферари.
• Ферари пет пати е Победник на Хунгароринг, но нема забележано Победа од 2004 година, кога Шумахер и Баричело забележаа 1-2 Победа. Од тогаш италијанскиот тим заврши на второто место во четири наврати.
• Мерцедес ГП под ова име никогаш не победил во Унгарија, иако претходната инкарнација како Браун ГП забележаа Победа преку Батон во 2006 година.
• Рено е Победник во Унгарија во 2003 година, кога тогаш младиот Алонсо ја забележа својата прва Ф1 Победа, но нема пласман на подиумот од 2004 година, исто така со Шпанецот, кога беа трети.
• Вилијамс е победник на инаугуративната трка за Унгарското ГП во 1986 година благодарение на Нелсон Пике, но нема пласман на подиумот од 2003 година со Хуан Пабло Монтоја, исто така трето место. Најдобрите последни резултати им се четврто место за Розберг во 2009 година и шестото за Нико Хулкенберг минатата година.
• Форс Индија никогаш не се квалификувале во најдобрите 10 и немаат освоено поени во Унгарија. Нивни најдобар резултат е 13-то место на Лиуци минатата година.
• Заубер заврши на подиумот во 2006 и 2007 година, благодарение на Ник Хајдфелд и во 1997 година благодарение на Џони Херберт. Швајцарскиот тим освојува поени во последните пет години во Унгарија.
• Торо Росо никогаш нема освоено поени во Унгарија, а најдобар резултат е 10-тата стартна позиција во 2009 година.
2011 УНГАРИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
7/29/2011 05:19:00 PM
0
Tags
Share to other apps

