Ова не е изгледот на болидите за 2014, да нема забуни...
ФИА на својот сајт ги објави техничките правила за 2014 година. Веќе знаевме некои параметри за новите мотори, но сега можеме да ги видиме сите промени во правилата. Документот има 77 страни, а за почеток да ги спомнеме најважните промени, кои се интересни за нас фановите на овој мотоспорт. МОТОР
Како што веќе знаевме, моторите ќе бидат 1.6 литарски V6 турбо. Ограничувањето на вртежите на моторот ќе биде 15.000 о/м, моментално тие се 18.000 о/м. Аголот меѓу цилиндрите ќе биде 90 степени и ќе имаат по два вшмукувачки и два издувни вентили. Мотори ќе имаат турбо компресор. Издувните гасови ќе треба да се носат надвор со ауспуси кои нема да навлегуваат внатре во V зоната над моторот и последните 10цм мора да се цилиндрични, исто така материјалите од кои можат да бидат изработени се детално наведени, т.е. повеќе нема да има можности за мапирање на моторот со издувни гасови. Потрошувачката на гориво ќе биде ограничена на 100 кг/трка.
НЕМА ПОВЕЌЕ KERS, СЕГА Е САМО ERS!!!
Од 2014 година познатите КЕРС-системи ќе бидат заменети со помоќни и понапредни ERS-системи(Energy Recovery System). Моќноста на системот ќе биде 120 kW или два пати помоќна од сегашните КЕРС-ви. Самиот систем ќе има две компоненти. Како до сега ќе има систем за враќање на кинетичка енергија, плус систем за враќање на енергијата од издувните гасови.
МИНИМАЛНА ТЕЖИНА
Минималната тежина на болидот ќе биде зголемена. Од 640кг, колку што е во моментов, во 2014 година тежината ќе биде 660кг. Тежината на моторот и ЕРС-системот нема да може да биде помалку од 155кг. Во моментов само моторот треба да тежи 95 килограми.
СТАРТУВАЊЕ И ДВИЖЕЊЕ БЕЗ ГОРИВО
Возачите ќе треба сами да можат да го стартуваат моторот на болидот. Ова ќе стави крај на изгаснатите болиди на патеките. Интересно е што во боксот болидите ќе треба да се движат само од енергијата од ERS-системот.
БРОЈ НА БРЗИНИ
Менувачот ќе има осум брзини без рикверц, кој останува како услов.
АЕРОДИНАМИКА
Потесни предни крила за 2014. Наместо сегашните 1800 мм, новите предни крила ќе бидат намалени до 1650 мм. Освен тоа има редови ограничување за аеродинамиката со цел да се исчистат болидите од накачените по нив аеро елементи.

