Адријан Њуи, техничкиот шеф на Ред Бул, верува дека неговиот тим ќе биде "поприлично многу" погоден од забраната за мапирање на моторите, кое стапува на сила од овој викенд за Британското Гран При.
"Мислам дека ќе бидеме доста тешко погодени, бидејќи нашиот болид е дизајниран врз база на издувните гасови уште од самиот почеток. Со исклучок на Рено, сите други тимови имаат копија на некој друг систем, главно нашиот, и само го прилагодуваат болидот што го имале пред стартот на сезоната. Па затоа може да очекуваме дека оваа забрана ќе има најголемо влијание на нашиот болид, но тоа е многу тешко да се предвиди."
Њуи, исто така, призна дека е зачуден зошто ФИА решава да забрани нешто што било законски до сега.
"Јас сум малку збунет од тоа, бидејќи тоа беше во рамките на правилата до оваа трка. Ова може да се спореди со времето кога беше забранета активната суспензија, на крајот на 1993. Ферари не можеше да направи да работи нивната активна суспензија и одеднаш стана нелегална за следната година."
"Лесно е да западнеме во макијавелистичките теории на заговор. Според мене нашите главни конкуренти, а тоа се Мекларен и Ферари, а посебно Ферари веројатно не направија овој систем на издувни гасови да работи како треба на своите болиди, така да тие се доста среќни со оваа забрана. Мекларен најверојатно не знаат на што се, дали тие ќе изгубат повеќе или помалку од нас. Но, најверојатно врз основа на тоа нешто што не го разбирате во целост, најдобро е да се ослободите од него дале "изим" за овие промени".
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.

