
Силверстоун е една од најбрзите и најтешки патеки во календарот од аспект на гумите. Тоа се должи на нејзината абразивна површина и круг со втора должина во календарот, пo Спа-Фракошамп во Белгија.
За Силверсоун ги имаме PZero тврди гуми(Сребрени) и PZero меки гуми(жолти), но со ладно време, облачно небо и неизвесна временската прогноза, има големи шанси за упореба и на PZero Медуим(сини) и PZero гумите за влажно време(портокалови).
Силверстоун имаше голем број на промени во текот на годините, а тоа најмногу се забележува оваа сезона кога имаме нови боксови и падок простор, патеката тука има промени што значи дека сите броеви на кривините се променети. Ние ќе погледнеме неколку од најсложените...
ПАТЕКА
Првиот дел на патеката е многу брз, со неколку брзи промени на насоката, со што се става акцент на предните гуми, во обид да се најде најдобар можен контакт со подлогата. Кривината со број три е бавна, и која се потпира повеќе на механичкиот наместо аеродинамичен грип. Овде задните гуми треба да го најдат најдобриот можен контакт со површина на патеката, со цел да се добие максимална тракција. Влезот на болидот во оваа кривина е од особена важност тука, посебно кога на болидот се меките гуми, и возачот ќе има голема улога во нивното зачувување.Најдобар грип при кривината Luffield се наоѓа блиску до врвот на истата, а потоа возачите постепено се движат кон надворешниот дел на патеката, со цел да се стави целосната моќ на болидот во игра за она кратката стартно-целна рамнина.
Кривината Copse е позната по тоа што на средината на истата има нерамнина, која се апсорбира од страна на страничниот дел на гумите со цел да се задржи болидот смирен и се да се гарантира оптимална грип површина.
Becketts е исклучително брза серија на кривини со просечна брзина од над 200 км/ч. Аеродинамичниот downforce и страничното забрзување од 4G предизвикува гумите постепено да се загреваат, за на крајот да достигнат повеќе од 120 степени целзиусови.
По кривината Vale следува брза промена на насоката од лево кон десно, а потоа возачите повторно се на кривината Club. Потоа следува уште еден круг, се до крајот на трката.
ДИДКОТ
Британското ГП, всушност е втора домашна трка за Пирели, бидејќи италијанската компанија има логистика и дистрибутивен објект во Дидкот, 45 минути од Силверстоун со автомобил. Тоа е база за околу 40-тина луѓе, вклучувајќи ги и 12-те инженери доделени на тимовите и 19 монтери на гуми, чија работа е да ги постават гумите на бандажи. 12-те карактеристично црни камиони на Пирели живеат во Дидкот и тоа: два сервисни камиони, седум транспортери на гуми и три камиони за прием на гости.
Paul Hembery, спортскиот директор на Пирели објасни зошто база баш таму:
"За нас беше важно да имаме база во Велика Британија, бидејќи 8 од 12-те Ф1 тимови имаат база исто така тука, и тоа ни овозможува да им се обезбеди брза и ефикасна услуга. Ние, исто така, сакаме да отвориме центар за компетентност во Велика Британија, со цел да имаме корист од know-how во оваа земја и да привлечеме некои од најдобрите инженери и други лица, кои работат во оваа област во Англија."
Во оваа база на Пирели има луѓе од осум националности, а се зборуваат 10 различни јазици. Пирели испитувале повеќе од 50 потенцијални локации во Велика Британија на почетокот на годината пред да се решат за Дидкот, Оксфордшир, кој содржи вистинската комбинација на внатрешен и надворешен простор, заедно со целосна инфраструктурна поврзаност по копно и воздух.
50.000 Формула Еден гуми на Пирели се произведуваат во Измит, Турција, а потоа се транспортираат по копно до Дидкот, 1-2 недели пред секоја европска трка. Во Дидкот им се доделуваат бар кодови на гумите кои се наменети за тимовите, потоа по случаен избор на кодови од страна на ФИА, се предаваат на секој тим посебно.
По секоја трка, употребуваните гуми се земаат назад во Дидкот, а потоа се носат за рециклирање во специјализираната фабрика за рециклирање во непосредна близина. Во Дидкот не се справуваат само со Формула Еден, ГП2 и ГП3 тркачките гуми, туку исто така и со другите не-тркачки гуми кои тимови ги бараат на редовна основа, како што се гуми за воздушните тунели, гумите за промотивни цели и гумите за тест-симулатори.
За возачите на камионите на Пирели, Силверстоун е најкраткиот пат во годината, кој се состои од само 70 километри. Спротивно на тоа, најдолго патување е до Истанбул, Турција, 3100 километри.
