ФИА денес на седницата на Светскиот совет за Мотоспорт го потврди и објави конечниот распоред за следната сезона. Како што и се очекуваше, Турското Гран При и официјално е изоставено, па за нас најблиската и најефтина трка веќе ја нема во календарот. И покрај разговорите меѓу турските организатори и Еклстоун договор не можел да биде постигнат. Берни не сака трки што не носат пари, туку прават загуби.
Други позначајни измени што се одобрени од страна на Светскиот совет за мотоспорт на ФИА се тоа што Бахреин ГП не е повеќе прва трка во сезоната и е преместена за 22 април 2012, а за сметка на тоа Индиското ГП ќе се одржи на 28 октомври 2012 година. Сезоната ќе започне во Австралија на 18 март, а последните две трки ќе се одржат на Американскиот континент, во САД на 18-ти Ноември 2012 и затворањето на сезоната и да се надеваме трката на која ќе биде одлучен Светскиот Шампион е во Бразил на 25 Ноември 2012 година.
ОФИЦИЈАЛЕН КАЛЕНДАР ЗА 2012 ГОДИНА
18 МАРТ АВСТРАЛИЈА ГП
25 МАРТ МАЛЕЗИЈА ГП
15 АПРИЛ КИНА ГП
22 АПРИЛ БАХРЕИН ГП
13 МАЈ ШПАНИЈА ГП
27 МАЈ МОНАКО ГП
10 ЈУНИ КАНАДА ГП
24 ЈУНИ ЕВРОПА ГП
08 ЈУЛИ БРИТАНСКО ГП
22 ЈУЛИ ГЕРМАНСКО ГП
29 ЈУЛИ УНГАРИЈА ГП
02 СЕПТЕМВРИ БЕЛГИЈА ГП
09 СЕПТЕМВРИ ИТАЛИЈА ГП
23 СЕПТЕМВРИ СИНГАПУР ГП
07 ОКТОМВРИ ЈАПОНИЈА ГП
14 ОКТОМВРИ КОРЕЈА ГП
28 ОКТОМВРИ ИНДИЈА ГП
04 НОЕМВРИ АБУ ДАБИ ГП
18 НОЕМВРИ САД ГП
25 НОЕМВРИ БРАЗИЛ ГП