Луис Хамилтон ја посакува победата во Сингапур
Луис Хамилтон со Мекларен беше најбрз на скратениот прв слободен тренинг за трката во Сингапур. Овој тренинг започна со половина час задоцнување поради проблемите што произлегоа со вештачките ивичњаци што се поставуваат за обележување на кривините на патеката. Тие во кривините 3 и 14 требаше да бидат извадени, откако во текот на трка пред тренингот претставувале проблем. Понатака поради задолжителниот времески период од два часа помеѓу петочните тренинзи во Сингапур, тренингот беше сведен на само 60 минути да се задржи првичниот временски распоредот.По почетокот на тренингот се појавија уште проблеми со ивичњаците, овој пат на кривината 7, кои предизвикаа едно од двете црвени знамиња на осум минути од крајот. Проблемот беше отстранет во рок од пет минути. Второто црвено знаме беше предзвикано од Хеики Ковалаинен, кој како да се има замерено на Марина Беј патеката. Повторно пожар на неговиот болид кога се запалија неговите предни сопирачки, и повторно им помагаше на стјуардите да го отстранат неговиот болид од патеката.
Кога се во прашање времињата по тестирањето на патеката и новите елементи на болидите тимовите нешто поагресивно тргнаа во последните 20 минути од тренингот. Мекларен се покажа во најдобро светло и Хамилтон беше најбрз следен од болидите на Ред Бул, Ветел со второто најбрзо време, а Вебер трет.
Тимот на Ферари на почетокот на тренигот правеа некои аеро подесувања на болидите, па Фернандо Алонсо имаше само неколку брзи круга. Тој беше четврти најбрз денес, пред Батон и Маса. Добар тренинг за Форс Индија, со Адриан Сутил и Пол ди Реста на седмата и деветтата позиција, разделени од Мерцедесот на Михаел Шумахер, а Нико Розберг ги заокружи најдобрите 10 денес на првиот тренинг.
Друг инцидент што го обележа овој тренинг беше судир меѓу Вебер и Тимо Глок. Аврстралиецот се обиде да го помине болидот на Вирџин во претпоследната кривина, дојде до контакт меѓу двата болида, по кој Ред Булот остана без парче од предното крило, а Глок заврши содупната гума. Очекуваме повеќе возбудувања на следниот тренинг.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:48.599 10
2. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:49.005 + 0.406 15
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:50.066 + 1.467 16
4. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:50.596 + 1.997 11
5. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:50.952 + 2.353 12
6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:52.043 + 3.444 14
7. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:52.251 + 3.652 13
8. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:52.416 + 3.817 12
9. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:52.435 + 3.836 13
10. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:52.815 + 4.216 13
11. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:52.991 + 4.392 17
12. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:53.050 + 4.451 17
13. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:53.399 + 4.800 18
14. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:53.703 + 5.104 19
15. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:53.749 + 5.150 12
16. БРУНО СЕНА РЕНО 1:53.765 + 5.166 17
17. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:53.785 + 5.186 16
18. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:54.736 + 6.137 8
19. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:54.821 + 6.222 9
20. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:56.198 + 7.599 8
21. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:57.798 + 9.199 13
22. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:59.169 + 10.570 17
23. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:59.169 + 10.570 17
24. НАРАИН КАРТИКИЈАН ХРТ 1:59.214 + 10.615 18