Ветел и Ред Бул не се откажуваат така лесно од Победата!!!
Лидер во шампионатот, Себастијан Ветел го постави најбрзото време на вториот слободен тренинг за Италијанското ГП, победувајќи го Луис Хамилтон со Мекларен за само 0.036с., но мора да напоменеме дека кога Британецот требаше значително да го подобри своето време со малку гориво и меки гуми на болидот, налета на Џејми Алгуерсуари во Parabolica и мораше да го заобиколи, и веднаш потоа замина во боксовите без поставено време. Мекларенот на Хамилтон имаше сили за најбрзо време и на овој тренинг, а тоа се забележува и по времето на Ветел, кое е побавно од најбрзото време на утринскиот тренинг.
Михаел Шумахер беше изненадувањето на вториот тренинг со охрабрувачката трета позиција за Мерцедес ГП, со заостанување од само 0.337с. Шуми по тренингот изјави дека неговата позиција е охрабрувачка, но дека тој нема да знае дали тоа се вистинските перформанси на болидот се до утрешните квалификации. Понатаму во редоследот следат Фелипе Маса, Фернандо Алонсо, Марк Вебер и Џенсон Батон, во само 0.150с. разлика.
Најголемиот инцидент беше кога Себастиен Буеми не успеа да ја фати како треба Parabolica, и удри во бариерите. Болидот на Швајцарецот беше тешко оштетен и не можеше да се врати во акција. Даниел Рикардо извозе само седум круга поради проблеми со електрониката па поголемиот дел од тренингот го помина во својот бокс. Друг возач со проблеми(најверојатно КЕРС-от не работеше како треба) беше Нико Розберг и беше повеќе од пет секунди побавен од водечкиот болид и покрај завршувањето на 25 круга.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:24.010 37
2. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:24.046 + 0.036 21
3. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:24.347 + 0.337 39
4. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:24.366 + 0.356 33
5. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:24.433 + 0.423 31
6. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:24.468 + 0.458 32
7. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:24.508 + 0.498 30
8. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:25.097 + 1.087 39
9. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:25.182 + 1.172 37
10. БРУНО СЕНА РЕНО 1:25.325 + 1.315 38
11. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:25.450 + 1.440 31
12. АДРИЈАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:25.496 + 1.486 39
13. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:25.683 + 1.673 37
14. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:25.758 + 1.748 29
15. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:26.202 + 2.192 36
16. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:26.353 + 2.343 40
17. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:28.347 + 4.337 5
18. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:28.559 + 4.549 32
19. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:28.605 + 4.595 32
20. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:28.804 + 4.794 25
21. ВИТАНТОНИО ЛИУЦИ ХРТ 1:29.162 + 5.152 34
22. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:29.184 + 5.174 29
23. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:29.622 + 5.612 34
24. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:29.841 + 5.831 7