ВОЗАЧИ:
• Себастијан Ветел во Монца ги постигна својата прва Ф1 Победа и Пол Позиција во 2008 година со болидот на Торо Росо, но по трансферот во Ред Бул нема добри настапи на оваа патека. Шестата стартна позиција е најлошиот негов пласман во квалификациите во изминатите две сезони. Да се надеваме дека оваа година ќе го прекине постот.• Марк Вебер, од друга страна, својот најдобар резултат го имаше минатата година завршувајќи шести. Посебно е чувството кога имате болид со мотор на Рено и при тоа се квалификувата во првите пет. Тоа му успева на Австралиецот со третата стартна позиција во 2008 година и четвртата минатата година.
• Луис Хамилтон беше втор зад тимскиот колега Алонсо за време на неговата дебитантска Ф1 сезона, а во последните две години тој беше жртва на две незгоди и тоа во последниот круг во 2009 година и на стартот минатата година. Тој има невообичаено лош резултат против своите тимски колеги во квалификациите, т.е. беше подобро пласиран само од Хеики Ковалаинен во 2009 година, кога трката ја започна од Пол Позицијата.
• Џенсон Батон, беше втор во последните две изданија на Италијанското ГП. Минатата година тој водеше повеќе од половина од трката, но беше поминат од Алонсо во боксовите. Секогаш трката ја завршува во Најдобрите 10, освен во 2008 година кога беше 15-ти со болидот на БАР Хонда.
• Фернандо Алонсо има забележано два хет-трикови во Монца и тоа во 2007 и минатата година. Тој ја завршува трката со пласман во најдобрите 5 во последните седум изданија на Италијанското ГП и бил пласиран пред својот тимски колега во седум трки од девет завршени трки. Шпанецот има две откажувања, во 2004 и 2006 година (извртување и дефект на моторот)
• Фелипе Маса минатата година го забележа својот најдобар резултат во Монца со третото место. Исто така третата позиција во квалификациите му е најдобар пласман(2007 и 2010). Маса во моментов е рекордер со V8 2.4 моторите кога во втората квалификациска сесија во 2006 година извозе време од 1:21.225.
• Михаел Шумахер е најуспешниот возач во Монца со пет победи, секогаш со Ферари, постигнати во период од 1996-2006 година. Минатата година, во својот прв настап по кам-бекот за прв пат не се кваликуваше во Најдобрите 10 . Германецот има забележано 3 Пол Позиции на оваа патека.
• Нико Розберг, минатата година, го забележа неговиот најдобар резултат во Монца со петтото место. Тој беше во можност да започне од најдобрите 10 три пати од последните четири трки.
• Бруно Сена минатата дебитантска година за него успеа да извози само единаесет круга кога ја заврши трката поради проблеми со хидроуликата на болидот на ХРТ.
• Виталиј Петров, кој вчера наполни 27 години ќе има роденденски мотив пред почетокот на оваа трка. Минатата година беше 13-ти, а стартуваше од 20-тата позиција.
• Рубенс Баричело има 3 Победи во Монца, и тоа две со Ферари, 2002 и 2004 година и пред две години со Браун ГП, стартувајќи од петтата позиција, и е единствениот возач кој победил на трка во Монца што не стартувал од првите два реда во последните 13 години и единствениот победник што не започнал од првиот стартен ред во последните осум години. Неговата победа во 2009 година е негова последна до денес.
• Адријан Сутил го имаше својот магичен момент со Форс Индија пред две години кога тој беше втор во квалификациите, а трката ја заврши на четвртото место, и го забележа најбрзиот круг на трката. До денес тоа се најдобрите резултати во неговата кариера.
• Камуи Кобајаши минатата година стартуваше од 13-тата позиција, но во загревачкиот круг имаше проблеми со менувачот и не ја заврши трката.
• Себастијан Буеми најдобриот резултат во Монца го има со 11-тото место минатата година.
• Џејми Алгуерсуари нема пласман во најдобрите 10 во Квалификациите, ниту пак во Трката.Тој е возачот со постигната најголема брзина во Монца со 348,7км/ч, забележана во квалификациите минатата година.
• Хеики Ковалаинен беше втор во 2008 година, што е негов последен подиумот до денес.
• Јарно Трули има освоено само девет поени во 14 трки. Неговиот најдобар резултат е четвртото место со Рено во 2002 година.
• Витантонио Лиуци никогаш не освоил поени на својата домашна трка, а најблиску до тоа беше во 2009 година кога стартуваше од седмата позиција и беше блиску до пласман на подиумот, кога откажа неговиот менувач. Тој никогаш не бил подобар од својот тимски колега во квалификациите.
• Тимо Глок никогаш не успеа на врвот-10 заврши тука: тој имаше само еден топ-10 на проектот, во 2008 година, но заврши 11. Како Лиуци, тој секогаш беше претепан од страна на своите соиграчи тука;
• Џером Д`Амброзио, Даниел Рикардо, Серџо Перез, Пастор Малдонадо,се дебитанти на оваа патека.
ТИМОВИ
• Ферари е најдобриот тим во Монца со 18 Победи, два пати повеќе од Мекларен и три пати повеќе од Вилијамс. Минатата година Алонсо постигна Пол Позиција, Победа и Најбрз круг.• Ред Бул отсекогаш страдал тука, правдајќи се со недостатокот на сила од моторот. Тимот што во последните три сезони има 52 старта од предниот ред и 54 пласмани на подиумот, никогаш не започнал од првиот ред и никогаш нема пласман на подиумот во Монца. Минатата година забележаа четврто место со Ветел и шесто со Вебер. Последно, но не и најмалку важно, никогаш не поминале нити еден круг во водство на оваа патека.
• Мекларен, последната победа на тука ја забележа во 2007 година со Алонсо. Од 2005 година најдобро квалификуваниот Мекларен во Монца е на Пол Позицијата (четири пати) или на втората позиција(два пати)
• Мерцедес најдобриот резултат го имаат со Нико Розберг, и тоа седма стартна позиција и петтото место во трката. Тука во 1955 година тимот ја забележа својата последна Пол Позиција, Победа (Хуан Мануел Фанџо) и Најбрз круг (Стирлинг Мос).
• Рено го има истиот мотор како Ред Бул и со тоа истите проблеми. Својот последен пласман на подиумот и старт од предниот ред на оваа патека датираат од 2005 година.
• Вилијамс ги забележаа својата последна Победа во Монца пред десет години и својот последен подиумот во 2003 година. Минатата година двата болиди им завршија во поени.
• Форс Индија го имаат најдобриот резултат со Сутил, старт од првиот ред и со освоено четврто место пред две години.
• Заубер нема забележителни резултати на Италијанското ГП.
• Торо Росо ги забележа своите единствени Пол Позиција и Победа во Формула 1 на оваа патека во 2008 година со Ветел, а во последните две изданија немаат освоено поени.