Себастијан Ветел ја забележа својата "прва победа" во Монца!!!
Себастијан Ветел ја прослави неговата осма победа ова сезона и тоа на Монца, патека која беше слаба точка за неговиот тим во минатото. Џенсон Батон заврши втор, а Фернандо Алонсо финишира на последното место на подиумот, кое во последните моменти од трката му беше загрозено од Луис Хамилтон кој заврши на четвртото место, но неговата трка беше "уништена" од Михаел Шумахер, кој заврши како петти. Фелипе Маса беше шести пред Џејми Алгуерсуари, кој трката ја започна од 18-тата позиција. Пол ди Реста, Бруно Сена и Себастиен Буеми го комплетираат списокот на освојувачи на поени.
Трката имаше одличен почеток за Алонсо кој на стартот успеа од четвртата позиција да стигне на првото место и да ја поведе трката по првата кривина, поминувајќи ги Хамилтон и Ветел од внатрешната страна на патеката, потег кој многу наликуваше на неговиот старт на Шпанија ГП. Ветел остана на второ место, додека Хамилтон за малку издржа пред Шумахер, кој исто така имаше одличен старт и стигна до четвртото место.
Но потоа следува голем инцидент предизвикан од Лиуци кој го донесе безбедносното возило на патеката. Возачот на ХРТ ја загуби контролата врз својот болид и понесен од инерцијата се претвори во кугларска топка и во првата кривина ги погоди болидите на Виталиј Петров и Нико Розберг. Рубенс Баричело, исто така, беше заробен во овој инцидент, но потоа беше во можност да ја продолжи трката.
По рестартот на трката Шумахер успеа да го помине Хамилтон и да му ја загорчи трката, следуваше енергична борба, агресивна дефанзива на Шумахер, а Хамилтон иако залепен до него никако не успеваше да го помине, и тоа траеше едно 15-тина круга, а за тоа време Батон успеа да се доближи до нив двајцата.
Во меѓувреме Ветел успева да го помине Алонсо за првото место и почна да лета низ патеката правејќи голема разлика пред сите останати и мирно го чекаше завршетокот на трката. Алонсо не успеа да напрви разлика и покрај целата помош што ја добиваше од Шумахер, кој ги држеше болидите на Мекларен успешно за себе.
Шумахер со својата агресивна дефанзива два пати се најде на ивица на кршење на правилата за непрописно блокирање, и беше предупреден од својот тим да остава повеќе место болидот зад себе, но Хамилтон никако не можеше да го помине Мерцедесот на местата кога беше уклучен неговиот ДРС-систем, за потоа да се обиде да го помине каде никој друг не би се обидел да го помине Седумкратниот Шампион, и така заврши со половина од својот болид на трева покрај патеката, го загуби својот моментум а тоа најдобро го искористи Батон, го помина, а по неколку кривини и му покажа на својот тимски колгега како треба да се помине Шумахер. Потоа, Батон тргна во потера и по Алонсо.
Хамилтон на крајот најде начин да го престигне Шумахер откако гумите на Мерцедесот почнаа нагло да се трошат и од тој момент Британецот се обиде да спаси што можеше да се спаси од неговата трка.
Следуваа последните посети на боксовите, сите водечки ставија од гумите со потврда компонента. Тоа значеше дека Алонсо ќе биде лесна мета за Батон, бидејќи знаеме дека тие се слабата точка на Ферарите . Шпанецот тука изигра паметно, не влезе во дуел со Батон, лесно го предаде второто место, но со тоа го зачува третото место, кое носеше пласман на Подиумот. Хамилтон среќен што при излегувањето од боксовите повторно не заглави за Шумахер, се обиде да го стигне Алонсо, но му фалеа уште неколку круга, кои за жал ги намеше.
Уште една Победа во оваа неверојатна сезона за Ветел и Ред Бул. И денес покажаа дека најмногу ги заслужуваат титулите во двете конкуренции. За две недели следи трката во Сингапур, на која Германецот и теоретски може да ја завери Шампионската Титула.
ИТАЛИЈАНСКО ГП, МОНЦА.
53 круга, 306.720км, Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:20:46.172
2. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН + 9.590
3. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ + 16.909
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН + 17.471
5. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП + 32.677
6. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ + 42.993
7. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 1 круг
8. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
9. БРУНО СЕНА РЕНО + 1 круг
10. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО + 1 круг
11. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС + 1 круг
12. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС + 1 круг
13. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС + 1 круг
14. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС + 2 круга
15. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН + 2 круга
Најбрз Круг: ЛУИС ХАМИЛТОН, 1:26.187
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 40
СРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 34
КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 23
АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 11
МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 6
ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 3
ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1
НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1
ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 1
ПО 13 ПОМИНАТИ ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. ВЕТЕЛ 284 1. РЕД БУЛ 451
2. АЛОНСО 172 2. МЕКЛАРЕН 325
3. ВЕБЕР 167 3. ФЕРАРИ 254
4. БАТОН 167 4. МЕРЦЕДЕС ГП 108
5. ХАМИЛТОН 158 5. РЕНО 70
6. МАСА 82 6. ФОРС ИНДИЈА 36
7. РОЗБЕРГ 56 7. ЗАУБЕР 35
8. ШУМАХЕР 52 8. ТОРО РОСО 29
9. ПЕТРОВ 34 9. ВИЛИЈАМС 5
10. ХАЈДФЕЛД 34
11. КОБАЈАШИ 27
12. СУТИЛ 24
13. АЛГУЕРСУАРИ 16
14. БУЕМИ 13
15. ДИ РЕСТА 12
16. ПЕРЕЗ 8
17. БАРИЧЕЛО 4
18. СЕНА 2
19. МАЛДОНАДО 1